„Зоран Заев и 80-те очајни пратеници не добиле мандат да го бришат името, идентитетот, историјата, традицијата и културата. Ниту тие од СДСМ и владејачката коалиција, ниту оние кои го поддржаа Заев, а беа избрани на листите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, не добиле глас за реализација на антидржавните политики. Самиот Заев гарантираше дека Уставот нема да се менува бидејќи бил одлучен и европски“ обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата со став дека „На измамникот Заев зборот му траеше од еден до друг криминален тендер и одлучи да се откаже од се што е македонско и да ги прифати грчките максималистички барања. Македонскиот Устав нема потреба и не треба да се менува. Референдумот доживеа фијаско, граѓаните не дадоа легитимитет на промена на Уставот со цел промена на уставното име“.
„Конечно на виделина се покажа вистинската причина за заднината на политичкиот прогон, монтираните и нарачани обвиненија на СЈО и настаните од 27 април и затворањето на пратеници. Крајната цел на целиот политички терор од страна на власта се покажа дека е уцена за обезбедување на двотретинско мнозинство во Собранието за да се спроведе преспанскиот договор и да се промени името на државата“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.







