ВМРО – ДПМНЕ реагираше преку пишано сооштение до медиумите. Од таму велат дека владата на СДСМ секој ден ги задолжува граѓаните со нови 1,7 милиони евра, а неспособноста и дезориентираноста на министерот за финансии Драган Тевдовски, како што соопштува, е дополнителна опасност за државата.
„Антиреформската влада на СДС ја турка државата во долгови. За неполни два месеци долгот достигна 70 милиони евра.
„Згора на се, со предложениот ребаланс „домаќинската влада“ предвидува задолжување за 150 милиони евра кои се повеќе од планираното.
„Министерот за финансии, пак, во рекордно време успеа да создаде долг од над 4,5 милијарди денари само по основ на аукции на државни записи“, наведува ВМРО-ДПМНЕ.







