Австриските власти евакуираа стотици патници од воз кој синоќа се запали додека беше во тунел и, според официјалните лица, околу 50 луѓе се здобиле со полесни повреди, најмногу поради вдишување чад.
Ноќниот воз со околу 370 патници се наоѓал во тунелот Фиценс, источно од Инсбрук во регионот на Тирол, кога избувнал пожарот, јави австриската новинска агенција АПА.
Железничкиот оператор ОББ соопшти дека оштетувањето на надземните далноводи било пријавено околу 20:40 часот и дека товарен вагон во ноќниот воз од Инсбрук до Амстердам се чини дека се запалил. Како што се наведува, пожарот бил изгаснат до 22.20 часот.
Евакуацијата заврши нешто по 23 часот.
Ноќниот сервис на Австриските железници сообраќа до неколку европски градови и понекогаш носи патнички вагони во посебни вагони. Возот утрово требаше да пристигне во Амстердам.
Патниците на кои не им била потребна медицинска помош биле однесени во Инсбрук каде по потреба било организирано сместување за нив.
Фото: МИА







