Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во земјава се создаваат 12 илјади тони отпад храна која може да нахрани 26 илјади сограѓани
Економија

Во земјава се создаваат 12 илјади тони отпад храна која може да нахрани 26 илјади сограѓани

јуни 19, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Според податоците на „Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации“ (ФАО), во нашата земја, 30 проценти од храната завршува како отпад. И тоа нависитна е голема штета. Затоа што со намалување на количеството отпад од храна и дистрибуција на вишокот храна на луѓето на кои навистина тоа им е
потребна, Северна Македонија дополнително може да го намали проблемот со сиромаштијата, но и да ги поттикне веќе воспоставените позитивни промени во општеството.

Ова денеска го порача претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на „Донаторската конференција на 50-те најголеми компании за храна“, организирана од „Сите сити“, при што информира дека Владата е вклучена во овозможување законски основи и поддршка на изградбата на систем што ќе го зголеми пристапот на граѓаните до квалитетна храна. Во наредниот период, рече тој, очекуваме да се донесе Законот за донирање на вишокот храна.

„Почитувајќи ги овие приоритети и воведувајќи европски стандарди за социјална заштита, оваа Влада, се посвети на донесување мерки за директно намалување на сиромаштијата. И затоа, безрезервно ја подржуваме програмата за поддршка на ранливите категории, преку донирање храна од страна на бизнис операторите, истакна Заев.

Премиерот упати јавна покана, во функционирањето на системот да се вклучат и други субјекти, со цел да се зголеми неговиот капацитет и да се опслужат што повеќе граѓани на кои им е потребна храна.

„Помошта не се однесува само на обезбедување храна за дел од нашите сограѓани, кои не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на денот, туку и за правилна употреба на илјадниците тони безбедна храна која завршува на отпад и депонии, рече Заев.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска рече дека во Македонија имаме 12 тони отпад храна и дека со тоа ќе се нахранат 26 илјади наши сограѓани.

„Тоа ни кажува дека сите оние кои се во системот на социјална заштита и примаат одреден додаток ќе можеме да им го надополниме дневното мени и да добијат соодветен оброк, истакна Царовска.

„Сите сити„ е мрежа од 31 граѓанска организација која функционира во 10 градови во земјава. Како што информира престедателот на организацијата Блаже Јосифовски , главната дистрибуција на храна се врши во Скопје, но и дека се организираат тримесечни акции во девет градови за храната да се дистрибуира и таму. Појасни дека организацијата помага на 7.000 граѓани кои некои на дневна, неделна или месечна услуга добиваат од храната. За жал, рече тој, 460.000 граѓани во Северна Македонија ги немаат сите оброци, а имаме 10.000 тона безбедна храна која се фрла.

отпад храна
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Пет нови лета до Виена, Краков, Вроцлав, но и до Сицилија и Сардинија

мај 21, 2026

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“:„’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

мај 14, 2026

Потрошувачката на бензини пораснала за над 8 проценти, дизелот и натаму најкористено гориво во земјава

мај 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.