Во аптеката на манастирот „Свети Марко“ во Фиренца е пронајден рецепт за Кока кола, од 19 век. Рецептот е најден за време на чистењето на архивите. На веќе пожолтен лист биле запишани состојките на пијалакот, што се смета за предходник на денешната Кока кола. Според историските записи, тие биле увезени од Јужна Америка.
Денешната Кока кола била произведена во 1886 година, од американскиот фармацевт Џон Смит Пембертон. Тој првично го направил алкохолниот тоник „Пембертонс френч вајн коука“, кој подоцна станал еден од најпиените пијалаци на денешницата.
Сè уште не постојат доволно докази за поврзаноста меѓу манастирскиот пијалак и подоцнежниот светски бренд.
Извор/Фото: МИА







