Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Поскапеа храната, облеката, обувките ….
Економија

Поскапеа храната, облеката, обувките ….

април 9, 2021Updated:април 9, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

За 122 денари се зголемиле основните трошоци на едно четиричлено семејство во март во однос на јануари, а за 70 денари во однос на февруари, покажуваат најновите податоци на синдикалната кошничка што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство, според пресметките на ССМ, во март изнесувале 33.772 денари. Од нив, речиси 42 проценти одат за храна и пијалоци, 32 проценти за подмирување на режиските трошоци, 7,4 проценти за превоз, 7,2 проценти за хигиена и 6,2 проценти за облека и обувки. Останатото е за здравствени услуги и за културни активности.

Согласно пресметките на ССМ, минималните трошоци на едно четиричлено семејство не можат да се покријат со просечно исплатената плата во земјава. Така, во јануари според објавените податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата изнесувала 28.272 денари, додека вредноста на синдикалната кошничка за истиот месец е 33.650 денари, односно минималните трошоци на едно четиричлено семејство биле повисоки за 5.378 денари од просечната плата.

Сојузот на синдикати на Македонија повеќепати досега бараше зголемување на минималната плата за 60 проценти од просечната, а согласно тоа, да се изврши и скалесто зголемување кај останатите плати.

Последното усогласување на минималната плата беше направено во март годинава и од овој месец таа ќе изнесува 15.194 денари. Синдикатите реагираа на ова усогласување на минималната плата, несогласувајќи се околу реалниот пораст на БДП кој е еден од трите параметри за усогласување.

Претставниците на Владата и работодавачите сметаа дека реалниот пораст на бруто домашниот производ може да биде и во минус, односно, иако Законот за минимална плата укажува на користење на терминот пораст, за претставниците од МТСП, Министерството за економија, Министерство за финансии и работодавачите истиот како таков во минус мора да се земе во пресметката – иако тоа никаде не е напишано во Законот за минималната плата и со тоа на таков начин усогласувањето на минималната плата по нивните пресметки ќе биде пониско за 211,00 денари и истата ќе изнесува околу 15.190,00 денари, информираа тогаш од ССМ.

Од Владата, пак, оценија дека се работи за позитивно решение донесено во услови на криза. Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи неодамна изјави дека направен е исчекор во време на криза и зголемена е минималната плата за 1,7 проценти.

Не можеме само заради политички поени да ги занемариме критериумите, кога истите се пропишани со Закон. Имавме различно гледање на еден од критериумите во Законот за минимална плата, каде стои дека минималната плата се усогласува според процентот на зголемен пораст на бруто домашниот производ. Синдикатите ценат дека БДП може да биде само позитивен, а ние тврдиме дека реалниот раст на БДП којшто ДЗС го дава како податок, може да биде и позитивен и негативен. Ние имавме негативна стапка на раст минатата година, за жал, од минус 4,5 проценти и тука беше разликата на толкувањето. Синдикатите велеа дека треба да земеме 0 како единица за реалниот раст на БДП, но факт е дека имаме официјален податок за БДП од Државниот завод за статистика, изјави неодамна Битиќи.

актуелно зголемени март семејство трошоци
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.