Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во мај нова лидерска средба, ќе се разговара и за изборите
Македонија

Во мај нова лидерска средба, ќе се разговара и за изборите

април 26, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Лидерска средба на која ќе се разговара за натамошниот тек на политичкиот процес во земјата, како и за можните термини за одржување на следните парламентарни избори“, најави претседателот Стево Пендаровски за првата половина на следниот месец.

„Во овој период сите напори и државни ресурси треба да бидат насочени кон справување со пандемијата на коронавирусот“, изјавија за МИА од Кабинетот на претседателот Пенадровски.

Шефот на државата ја најави лидерската средба откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара од него да свика средба во врска со иницијативата на СДСМ и коалициските партнери кои бараат повторното свикување на Собранието.

Мицкоски вели дека државата се наоѓа во многу деликатна ситуација, бидејќи поранешни пратеници не можат да поднесат иницијатива.

Според него, тоа е сериозен преседан кој што ќе значи директно кршење на Уставот.

Од СДСМ, пак, сметаат дека сега нема потреба од лидерска средба, бидејќи фокусот е ставен на борба против коронавирусот.

„Ние сметаме дека не е време да се разговара за избори. Има време и ќе разговараме за тоа кога ќе дојде време. Наш главен фокус останува здравјето на нашите граѓани и економските мерки со цел да зачуваме повеќе работни места, да помогнеме на поголем број граѓани и да ја победиме оваа криза од коронавирусот“, порача потпретседателот на СДСМ Коста Петров.

Од ДУИ велат дека сите позначајни одлуки треба да се донесат консензуално.

„Формата за постигнување на консензуалноста е помалку значајна од содржината и почитувањето на договореното. Датумите за формирање техничка влада, распуштање на Собранието, предвремени избори, па и одложувањето на тие избори, беа донесени консензуално и беа поддржани од сите. Сите чинители сега треба повторно консензуално да се договорат за следните чекори, било тоа да е телефонски, преку видео-врска или во друга форма“, велат од ДУИ.

На последната лидерска средба што беше одржана во март партиите беа едногласни дека во услови на пандемија од коронавирусот, не треба да има избори, по што претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба за првпат во историјата на државата.

актуелно избори лидерска средба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.