Најмалку едно лице загина во падот на воен хелихоптер, соопштија властите во јужно Мексико.
„Хелихоптерот се сруши во државата Гереро“, соопшти портпаролот на службата за државна безбедност Роберто Алварез, пренесува АП.
Тој додаде дека во тек е истрага за причините за падот на леталото. За сега не се знае дали во хелихоптерот имало повеќе луѓе.
Хелихоптерот учествувал во акцијата за уништување на полињата со мак во државата Гереро.







