Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести, соопшти тамошното Министерство за образование, а пренесе парискиот весник „Монд“.
Тоа претставува помалку од четири отсто од вкупно 3.700 училишта во Франција, а таа бројка остана непроменета во однос на четвртокот.
„Повеќе од 96 отсто од средните училишта се отворени“, соопштија од Министерството, додавајќи дека во четвртокот биле пријавени 157 затворени училишта.
Движењето на протести на средношколците започна на 18 септември во училиштата во посиромашните предградија на Париз, по што се прошири и во остатокот од земјата.
Учениците кои ги блокираат училиштата укажуваат на проблеми како што се пренатрупани училници, недостиг на кадар и дотраени објекти, припишувајќи ги овие проблеми на долгогодишното недоволно вложување во секторот за јавно образование.
Фото: принтскрин јутјуб







