ВМРО-ДПМНЕ во сабота ќе го свика Централниот комитет на кој се очекува да ја потврди одлуката за свикување на партискиот Конгрес на кој се очекува да се констатира оставката на лидерот Никола Груевски, која тој ја објави пред неколку дена.
По две недели, на 23 Декември, тајно ќе биде избран новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе го замени Груевски.
Пред два дена, генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски беше првиот кој јавно најави можност за кандидатура.
Во игра за лидер на партијата се и Антонио Милошоски, Никола Попоски и Илија Димовски кои не потврдија официјално дека се борат за кормилото на ВМРО-ДПМНЕ.







