Здружението на акредитирани лаборатории во медицината (АЛМ) е клуб на германски лаборатории. Во управата на АЛМ седат шефовите на лабораториските гиганти „Соник“, „Лимбах“, „Амедес“ и „Синлаб“. Нивните имиња речиси никој не ги знае, но овие компании од година во година анализираат милиони медицински примероци, од хепатитис, грип, норовирус, па се до коронавирус, пишува „Дојче веле“.
Благодарение на пандемијата, во последните години во лабораториската индустрија имаше златна треска.
Профитот буквално експлодираше во изминатата деловна година. На пример, во компанијата „Соник“, која во периодот меѓу јули 2020 и јуни 2021 година повеќе од тројно ја зголемила добивката, од 82 милиони евра на 274 милиони. За тоа, како што пишува „Соник“ во својот годишен извештај, меѓу другото, се заслужни ПЦР тестовите за корона.
Ко-сопствениците на неколку од овие лабораториски гиганти се финансиски инвеститори. Среде пандемијата, на пример, американскиот финансиски концерн Голдман Сакс, заедно со уште двајца инвеститори, ја презеде лабораториската компанија Амедес, чие седиште е во Гетинген, за што платија 1,5 милијарди евра.
Германските медиумски куќи ВДР, НДР и Судојче Цајтунг (WDR, NDR, Süddeutsche Zeitung) анализираа повеќе од 1.000 страници интерни документи на Министерството за здравство, во кои првенствено се работи за плаќање на надокнади за ПЦР тестови.За анализа на тестови за грип и слични причинители на други болести лабораториите добиваат околу 20 евра – а за ПЦР тестови за коронавирус од здравственото осигурување добивале по 59 евра.
Документите покажуваат дека здружението АЛМ успешно работело на тоа што е можно подолго да ги одржи толку високи цени за анализа на ПЦР тестовите.
Односно, како АЛМ се обидело да ги исклучи ветеринарите, стоматолозите или фармацевтите од спроведување на тестови, односно дека и тие профитирале од тоа. Документите освен тоа откриваат и како АЛМ со своите лоби активности придонело за тоа што германската Сојузна влада и здравствените осигурувања во плаќање на надоместоци за ПЦР тестови во последните три години можеби неоправдано потрошиле милијарди евра
Пред него што Министерството за здравство во услови на паднемија усвои некој закон или одредба, правило е да се послуша што имаат да кажат за тоа здруженијата чиј бизнис е засегнат од новите правила.
Така беше случај и со тестовите за корона, за кои германската влада усвои нови одредби за тестирање на граѓаните. Нацрт на новите правила доби и АЛМ како здружение на лаборатории во Германија. И, како што пишуваат германските медиуми, претседателот на здружението, Михаел Милер, во рок од само неколку часа знаел да му ги испрати на Министерството за здравство своите предлози за – корекции.
А, дека неговите дописи често завршувале на работното биро на самиот министер за здравство, Јенс Шпан, тоа, како што пишуваат ВДР, НДР и Судојче Цајтунг, се гледа од забелешките кои сојузниот министер ги пишувал во своја рака на испечатените пораки на Милер.
„Ве молам во август организирајте видео конференција со АЛМ “, тоа е една од тие забелешки.
На прашањето за влијанието на лабораториското лоби врз неговата политика, тогашниот шеф на ресорот, Шпан, рече само дека тој повеќе нема пристап до документите или хартиите врз основа на кои може детално да проучува она околу кое го прашувале германските новинари, и за тоа да даде некаков коментар.
Веќе во април 2020 година, Министерството за здравство планираше и ветеринарни лаборатории да учествуваат во анализата на ПЦР тестовите, со цел да се зголеми капацитетот за тестирање.На 21 април 2020 година, шефот на АЛМ, Милер, испрати писмо до Шпан, во кое остро протестира против планираното проширување на тестирањето и на ветеринарите: „Предвиденото давање дозвола на ветеринарките и ветеринарите… не е ниту потребно, а ниту соодветно, и затоа сме против тоа.На ветеринарите за тоа им недостасуваат потребните способности и знаења“, тврдел тој.
Ветеринарите на крајот беа „избришани“ од правилникот за тестови.
Претставниците на ветеринарната медицина до ден денес се гневни поради тоа, па и заради тоа што знаат дека своите услуги можеле да ги понудат поевтино, и дека толку големи капацитети за спроведување на ПЦР тестови останале неискористени.
ВДР, НДР и Судојче Цајтунг испратија вкупно единаесет прашања до првиот човек на АЛМ, Милер, за неговите лоби активности, за цените за тестовите, за профитот на лабораторијата…
Овие прашања првиот човек на АЛМ ги доби на 16 декември минатата година.
До крајот на извештајот, тој не одговори на ниту едно прашање. Преку својата секретарка тој само порача дека му требаат четири недели за да ги подготви одговорите на тие прашања.
Како постапувал првиот човек на АЛМ, покажува пример од јуни 2020 година. Тогаш надлежниот германски здравствен орган одлучил здравствените осигурувања за ПЦР тестовите од 1 јули 2020 годинаповеќе не треба да плаќаат 59 евра, туку само 39,40 евра.А, тоа би значело дека ќе мора да падне цената на тестот, цената што германската влада ја надоместуваше по тест, токму онака како што беше предвидено со насоката на федералната влада.
На 15 јуни, Милер од АЛМ, во писмо упатено до Министерството за здравство, го моли министерот Шпан да не почне да ја спроведува таа одлука.
Четири дена подоцна, Милер испратил уште едно писмо до министерот во кое го молел да не ја намалува цената, бидејќи во спротивно „малите лаборатории нема да можат да вршат ПЦР тестови на начин барем да ги покријат своите трошоци“.
На 26 јуни 2020 година се одржа средба меѓу Шпан и Милер, а неколку дена по неа Министерството за здравство објави дека федералната влада нема да ја намали таксата за ПЦР тестовите.
Шпан не сака за тоа да каже ништо лично, а место одговор само порачува дека за се треба да се праша Министерството за здравство. Но, ниту од Министерството за здравство не се изјаснија за тој случај.
На 25.11.2020 година Министерството за здравство планирало да воведе нови правила, според кои и на стоматолозите би им се дозволило да вршат ПЦР тестови. Но, само еден ден после тоа, Милер му напишал на Министерството: „Сметаме дека за прифаќање на забари и ветеринари нема потреба.“
На крајот, дури и стоматолозите беа исклучени од финалниот текст на владината одредба за анализа на тестови за корона.
Во јуни 2021 година, Сојузната влада планираше повторно да ги промени прописите за тестирање.
Министерството, нацртот на измените го испрати и до првиот човек на АЛМ, Милер. Со измените било предвидено таксата што ја плаќа федералната влада за ПЦР тестови, која оттогаш е намалена од 50,50 на 43,56 евра, од 1 август да биде 39,16 евра.
Милер експресно испраќа одговор до Министерството, и тврди дека се сомнева дека неговото здружение во случај на „кратење“ на таксата ќе може да ги одржи капацитетите за тестирање. Во финалната верзија на текстот, одредбата што ја усвои владата како висина на износот на надоместокот што го плаќа државата стои 43,56 евра. Ништо не се сменило во однос на висината на надокнадата.
Во ноември 2021 година, Министерството планирало да вклучи фармацевти и матични лекари во процесот на анализа на брзите ПЦР тестови во нивните ординации, односно простории – и тоа по цена од 30 евра за тест.Милер ја добил нацрт одредбата, па повторно му пишал на Министерството, тврдејќи притоа дека лекарите и фармацевтите „не се стручно обучени“ за тоа и дека не ја знаат законската регулатива.И затоа тој на плановите на Министерството „гледа критички“, и додава дека ги отфрла.Три недели подоцна, беа објавени новите одредби на сојузната влада за тестовите, без планираните брзи ПЦР тестови.
Шефот на АЛМ, Милер, во своите писма во повеќе наврати се заканувашл дека намалувањето на цените на тестовите го зголемува „ризикот“ од тоа „медицинските лаборатории да го запрат спроведувањето на Сарс-КоВ2-ПЦР“. Тоа беше закана направена среде пандемија.
Но, кога висината на надоместокот за тестови навистина се намали, се зголемија и капацитетите – очигледно анализата на тестовите и по пониски цени сè уште била, а и е, профитабилен бизнис.







