Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Героски: Палевски е кукавица
Во Фокусот

Героски: Палевски е кукавица

септември 18, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Мојот „дуел“ со лицето Љупчо Палевски пред локалот „Манда“ помина така како што предвидов и како што бев предупреден од некои мои пријатели – со кукавички напад од непрокопсаникот (ме поли со „боите на Шарената револуција“), со поддршка од воодушевената багра во спомнатиот локал, на чело со сопственикот Маниќ, кој, пак, одигра една мала, божем позитивна, епизодна ролја во претставата.

Значи, ништо од најавениот „шамар со селфи“, ништо од што морав да се бранам. По нападот, неколку пати го повикав кукавицата Палевски да дојде и да ја реализира својата закана, чекав цели 15 минути, но тој, се разбира, не собра сили за такво нешто.

Спротивно на шпекулациите раширени на социјалните мрежи дека јас се обидувам да го „наместам“ Палевски, бев целосно свесен дека тој и неговата багра од „Манда“, веројатно во содејство и со други луѓе од полицијата (еден ми напиша порака и ми навести дека ќе се легитимира пред мене), спремиле сценарио и се очекуваше само да кренам рака или да направам било каков потег во самоодбрана, што ќе беше протолкуван како напад од моја страна. Затоа одлучив мирно да го издржам „перформансот“ со боите.
Пријатели, благодарам на поддршката!

Претходно, се разбира, ги замолив сите пријатели кои ми понудија поддршка, на ниту еден начин да не се вмешуваат, дури и ако бидам физички нападнат. Навистина најискрено и безгранично им благодарам што ме послушаа, иако знам дека им беше непријатно молкум да го гледаат нападот. Нивното нереагирање го ценам како исклучителен пријателски и другарски гест. Неочекуван дури! Вклучувајќи го тука и нереагирањето на „алфите“, за кои некаде прочитав дека биле присутни на местото на настанот.

Било која друга реакција, верувајте, ќе беше протолкувана како напад од моја страна, гарнирана со лажни тврдења дека сум организирал група за поддршка, дека сум повикал „алфи“ и полицајци и слично.

Ете, се виде кој бил кукавица, се виде кој беше опкружен со цела тајфа поддржувачи (меѓу кои не само јадниот Тошке Пендаров, туку и некои други новинарски фаци кои добро ќе ги запаметам!), се виде кој се обиде да испровоцира напад и кој подготвил сценарио што требаше да заврши со моја нервозна реакција и со веројатно приведување.

Но ете, тоа не се случи. Цената за тоа ја платив стоички, спремен тоа да биде протолкувано како врвно понижување.

Браво Палчо, во оваа држава ти си закон!

Сакам да ви кажам дека не се чувствувам посрамен или понижен што бев полиен со боите на Шарената револуција. Малку бил незгоден изборот на боите, што во моментов ми создава мали здравствени проблеми, реакции на кожата и слично, но тоа е нешто што ќе помине. Јас знам дека Шарената револуција денеска е мртва и главно преточена во бирократскиот апарат во шампитата на Илинденска 2, но во мене се уште се живи сеќавањата на маршевите на кои и јас учествував, иако, да бидам искрен, никогаш не фрлав бои, ниту носев некакви посебни симболи. Не сакав до толку да се препорачувам себеси за идната поделба на придобивките на револуцијата, која, нели, по правило, ги јаде своите деца.

Морам да бидам искрен и да признаам дека и Љупчо Палевски успеа во својата намера да покаже и да докаже дека е човек над законот. Зошто е тоа така веројатно знаат само врвните луѓе во Владата. Тој успеа да покаже дека му е дозволено неказнето јавно да објавува материјали од пресретната туѓа електронска комуникација (конкретно, моја), дека му е дозволено неказнето јавно да се заканува со конкретни зборови кои навестуваат физички напад и конечно, дека му е дозволено неказнето да организира и да изведе напад, без никој да го предупреди, да го запре или да интервенира на било кој начин. За тоа, еве, јавно му честитам!

Браво Палчо, ти си закон во оваа држава – тоа Заев, тоа Оливер, тоа шарените револуционери на вакви или онакви позиции, тие за тебе се мачкина кашлица! Ти ги држиш во шака, кој знае како и кој знае со што.

Исто така, сакам да нагласам дека поради присуството на толку очевидици, камери и сеирџии, при јасна слика што и како се случи, немам намера нападот од Палевски да го пријавувам во полиција или на било кој друг начин. Јас сум горд што нападот од овој бандит го издржав спокојно и храбро, а од органите на редот не очекувам ништо. Полицијата не сакаше да ме заштити ни кога бев напаѓан и под закани во Грујово време, а очигледно не чувствува потреба тоа да го стори и сега, при така експлицитна претходна закана, при конкретна најава на местото и времето во кое ќе биде извршен нападот и дури и за време на извршувањето на нападот. Според тоа, нема со кого ни за што да разговарам.
Удар што мора да се прими

Конечно, свесен сум за фактот дека секој од вас, почитувани читатели, настанот ќе го толкува на свој начин, секој според својата определба, секој според тоа на која багра и припаѓа, секој според своите сфаќања за тоа како треба да изгледа едно нормално, цивилизирано општество. Само најверните пријатели кои ме осудуваат што прифатив да дојдам пред „Манда“ и да се соочам со бандитот Палевски и со неговата братија (иако заеднички бевме свесни дека се подготвува сценарио за моја компромитација), ги молам да ми простат што не ги послушав и уште ги молам да ми простат што пак нема да ги послушам, ако повторно бидам викнат на ваков или некаков поинаков „дуел“ со бандитине од „Манда“. Да, пак ќе отидам!

Простете, драги пријатели, но тоа е посилно од мене – јас не сум кукавица како Палевски и неговите другарчиња, ниту сум недоветен сеирџија какви што видов денеска во „Манда“. Не, не сум никаков „фраер“, ниту претерано храбар. Далеку од тоа. Едноставно, јас сум човек, а не гомно. А човек, според моите сфаќања, мора да биде спремен да прими удар. Дури и кога е најавен. Дури и кога е послаб. Да прими удар и при тоа да не му заигра ниту еден нерв на лицето. По цена…ма кој го ебе, по било која цена!
(ФБ статус на Бранко Героски)

актуелно бранко героски љупчо палески
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.