Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Голем пожар околу прилепскиот манастир „Свети Димитрија“
Локално

Голем пожар околу прилепскиот манастир „Свети Димитрија“

септември 17, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Стотина пожарникари, доброволци и граѓани од Прилеп се борат со големата огнена стихија која избувна по 12 часот во околината на манастирот „Свети Димитирија“ кај прилепското село Селце.

Во моментов со големи напори со пожарот се борат пожарникарите и доброволците, а гаснат и два авиона – канадери.

Сите се обидуваат да го локализираат пожарот кој, за среќа засега не го зафати
Манастирот.

Горат преку 15 хектари нискостеблеска и борова шума, единствена околу Манастирот.

Пожарот први го забележале околу 500 основци и нивните наставници кој во тој момент биле на еднодневна екскурзија во Манастирот.

Според Зоран Сребреноски, директор на прилепското основно училиште „Климент Охридски“ чии ученици биле на екскурзија веднаш пријавиле за пожарот, а децата безбедно биле изнесени од Манастирот и упатени во Прилеп.

„Со околу 500 ученици од основното училиште „Климент Охридски“ бевме на еднодневна рекреативна екскурзија во Манастирот. Кај 12:15 часот забележавме пожар на потегот помеѓу селото Селце и манастирот. Во 12:22 часот забечежавме пожар и ја алармиравме противпожарната единица. Децата беа на безбедно во манастирот. Имавме план како безбедно да ги извлечеме и во колони, пешки веднаш ги упативме спрема градот. Пожарот за 10-ина минути експресно се прошири до манастирот и ја зафати боровата шума“, објаснува Сребреноски.

Веднаш на помош на пожарникарите им пристигнале жители на селото Селце и вработени во околните работилници, а потоа и вработени во јавните претпријатија и прилепчани кои постојано пристигнуваа и ја нудеа помошта во гаснењето на пожарот.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски кој веднаш пристигна во манастирот „Свети Димитрија“, за пожарот веднаш се реагирало и се побара авионска поддршка во гаснењето преку Дирекцијата за спасување и Министерството за внатрешни работи.

Околу 14:30 часот двата авиона надлетуваа и се вклучија во гаснењето.

„Веднаш ни е упатена помошта и авионите учествуваат во гаснењето како и 100-ина пожарникари, доброволци од селото Селце, вработени во околните фирми и од прилепските претпријатија. Голема е мобилноста на екипите за да се изгасне пожарот“, вели Јованоски.

Пожарникарите и доброволците настојуваат да го локализираат големиот пожар.

актуелно пожар прилепски манастир
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.