Пред еден час, на планината Јабланица, во месноста викана Смолејца, во атарот на струшкото село Вевчани, избувна голем шумски пожар.
Причината за избувнувањето на пожарот засега не е позната.
Жители на Вевчани информираат дека досега не е активирана Протипожарната единица.
Тие стравуваат дека поради непристапноста на теренот ќе биде тешко огнот да се гаси од земја.








