Францускиот фудбалски репрезентативец и член на Барселона, Антоан Гризман ја поддржа идејата за прекинување на натпреварите заради хомофобија или расизмот.
Во првенството на Франција на стартот на сезоната веќе имаше неколку прекини на средби.
„Мислам дека е правилна одлука да се прекинат натпреварите заради хомофобични или расистички плачења. Ако ги прекинеме натпреварите, луѓето нема да бидат среќни и ќе престанат да го прават тоа“, изјави Гризман.







