Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски не дозволи медиумите да снимаат инсерти од неговата средба со еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници, ниту пак даде изјава за медиумите.
Ова не е прв пат Груевски да ги избегне камерите. Тој и минатиот месец на средбата со Хан не сакаше снимање ниту одговараше на новинарски прашања како сите лидери на политичките партии.







