Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Грчките медиуми за промената на името
Македонија

Грчките медиуми за промената на името

февруари 13, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„И официјално, Северна Македонија“„Заев: да живее Северна Македонија“; „Веќе и официјално се роди Северна Македонија“; „Со задоцнување од 24 часа испратена вербалната нота“; „Стапува на сила Договорот од Преспа“; „Официјална премиера за Северна Македонија“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми по испратената вербална нота од грчкото МНР и по соопштението од владата дека името Северна Македонија официјално стапува на сила.

„Во ист ден кога владата на Скопје соопшти дека стапува на сила Договорот од Преспа и се официјализира преименувањето во Република Северна Македонија, комитетот за Нобел во Норвешка и официјално соопшти дека меѓу кандидатите за Нобеловата награда за мир за 2019 се премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, објави синоќа грчката новинска агенција АНА-МПА.

Во синоќешните централни изданија на вестите на грчките телевизии, прилозите беа за свеченоста на која беше подигнато знамето на НАТО пред владата, а грчките новинари акцентот го ставија на говорот на премиерот Заев и употребата од негова страна на името Северна Македонија.

„Кревањето на знамето на НАТО пред објектот на владата од каде е отстрането името Република Македонија, се одржа во Скопје, а Зоран Заев три пати ја спомена неговата земја со новото име Северна Македонија, објави грчката државна телевизијата „ЕРТ“ во прилогот посветен на свеченоста во Скопје.

Во продолжение, грчката државна телевизија се задржа на соопштението од македонската Влада и стапувањето во сила на новото име, откако претходно од Атина до Скопје беше испратена вербалната нота.

„На свеченоста беше и официјално споменато новото име со оглед на тоа дека премиерот Заев неколку пати го изговори името Северна Македонија, објави грчката телевизија „Антена“.

Со сличен коментар беа и прилозите на грчките телевизии „Алфа“ и „Скај“, додека, пак, новинарот од „Стар“ рече дека премиерот Заев, во неговото обраќање, осум пати го споменал новото име Северна Македонија.

Телевизијата во прилогот на почетокот на централното издание на вестите, во прилогот, акцентот го стави на промената на таблите со новото име и од едната и од другата страна на границата.

„Околу 100 000 возачи, кои секојдневно се движат на северната граница на земјата, веќе нема да ги среќаваат таблите со име ПЈРМ или ФИРОМ, бидејќи ќе се заменат со нови на кои ќе пишува Северна Македонија, објави грчката телевизија „Стар“, а новинарот објасни дека штом се сменат таблите на граничниот премина кај нас, грчкото МНР ќе даде упатства до префектурите за да се заменат и во Грција.

Официјалното стапување во сила на новото име се најде и на насловните страници на денешните изданија на весниците „Катимерини“ и „Ефимерида тон синдактон“.

актуелно Договор новинари преспа северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.