Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Гугл“ ја отстрани новата видеоигра каде што „се купуваат и продаваат“ робови црнци
Технологија

„Гугл“ ја отстрани новата видеоигра каде што „се купуваат и продаваат“ робови црнци

мај 26, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Видеоиграта „Slavery Simulator“, каде што играчите можат „да купуваат и продаваат“ поробени црнци, е отстранета од виртуелната продавница на „Гугл“, по бранот критики од бразилските корисници на социјалните мрежи, пренесува Си-ен-ен.

Апликацијата, развиена од „Магнус гејмс“ (Magnus Games), е поставена на „Гугл плеј-стор“ на 20 април и била преземена повеќе од илјада пати пред да биде отстранета завчера. Инаку, бразилското Јавно обвинителство отвори истрага за причините зошто играта воопшто се нашла на интернет, се вели во нивното соопштение, барајќи конкретни информации за играта, со оглед на „многуте расистички коментари“ околу неа.

Компанијата „Магнус гејмс“ нагласи дека „играта е создадена исклучиво за забавни цели“.

„Нашето студио го осудува ропството во кој било облик. Целата содржина на играта е измислена и не е поврзана со конкретни историски настани“, се тврди во соопштението од компанијата-создавач.

„Станете богат робовладетел или постигнете укинување на робовладетелството“, „Користете ги робовите за сопствено збогатување. Спречете го укинувањето на ропството и акумулирајте богатство“, „Ви требаат чувари! Имате робови, но никој не ги чува. Без чувари, робовите ќе побегнат или ќе се побунат. Ангажирајте борци. Обично 1 чувар е доволен за 30 робови“, се само делови од описот на контроверзната игра.

„Гугл“ во своја одбрана соопшти дека имаат цврсто поставени правила, создадени за да ги заштитат корисниците, до коишто сите програмери мора да се придржуваат.

„Не дозволуваме апликации кои промовираат насилство или поттикнуваат омраза против поединци или групи врз основа на расно или етничко потекло, или кои прикажуваат или промовираат слободно насилство или други опасни активности. Секој што верува дека нашол апликација што ги прекршува нашите правила може да поднесе пријава.

Кога ќе идентификуваме прекршување на правилата, преземаме соодветни мерки“, појаснува „Гугл“.

Играта беше означена како „содржина погодна за сите возрасти“, со оцена со четири ѕвезди.

 

 

Извор: МИА/Фото: Си-ен-ен, слика од екранот

видеоигра гугл отстранување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

По Фолксваген и Мерцедес размислува да произведува оружје

мај 18, 2026

Доаѓа новиот „Ауди Q9“: Откриен дизајнот на ентериерот

мај 14, 2026

„Епл“ се согласи на спогодба од 250 милиони долари за доцнење на ВИ-надградби

мај 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.