Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ФИФА отвори истрага против Аргентина

јули 21, 2026

Миланов: Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод, инспекциските контроли продолжуваат

јули 21, 2026

Даниловски: Случајот во Гостивар не смее да се сведе само на вина на поединци

јули 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ФИФА отвори истрага против Аргентина
  • Миланов: Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод, инспекциските контроли продолжуваат
  • Даниловски: Случајот во Гостивар не смее да се сведе само на вина на поединци
  • Хоџа: Кога е загрозено здравјето на граѓаните, не смее да има компромиси, очекувам кривична и морална одговорност
  • Пановски: Да се знаат резултатите за водата во Гостивар и да се молчи е кривично дело
  • Канада ја погоди земјотрес со јачина од 5,4 степени
  • Шпанија ја победи Аргентина и го освои Светското првенство 2026
  • Мбапе и Меси се најскапите играчи што играле во финале на Светско првенство
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Даниловски: Случајот во Гостивар не смее да се сведе само на вина на поединци
Коментар

Даниловски: Случајот во Гостивар не смее да се сведе само на вина на поединци

јули 21, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонскиот епидемиолог д-р Драган Даниловски се огласи на Фејсбук со нова анализа за епидемијата во Гостивар, откако Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка против тројца раководни лица во ЈП „Комуналец“ – Гостивар.

Според Обвинителството, постои основано сомнение дека при тестирање на притисокот во водоводниот систем биле користени потопни пумпи со кои вода од отворен канал била внесена во системот за водоснабдување. Како последица, дошло до мешање на површинска и вода за пиење, а анализите покажале значително зголемени вредности на колиформни бактерии и други микробиолошки показатели.

Според Даниловски, овие сознанија првпат нудат конкретен и биолошки веројатен механизам преку кој загадената вода можела да навлезе во водоводната мрежа, што дополнително ја зајакнува хипотезата дека станува збор за хидрична епидемија.

Сепак, тој потенцира дека истрагата сè уште не е завршена и дека причинителот на заболувањата не е конечно утврден. За целосно расветлување на случајот, според него, потребни се дополнителни микробиолошки и епидемиолошки испитувања, анализи кај заболените, проверки на водоводната мрежа и реконструкција на текот на епидемијата.

Даниловски нагласува дека епидемиолошката и кривичната постапка имаат различна цел. Епидемиологијата треба да го утврди начинот на ширење на заразата и причинско-последичниот синџир на настани, додека обвинителската истрага треба да покаже дали постои кривична одговорност и кој евентуално ја сноси.

Воедно, предупредува дека случајот не смее да се сведе само на одговорност на поединци. Според него, неопходно е да се анализираат и евентуалните системски пропусти – процедурите за управување со водоснабдителниот систем, санитарниот надзор, контролата на ризиците, координацијата меѓу институциите и навременото информирање на јавноста.

„Новите сознанија значително ја зајакнуваат веројатноста дека контаминацијата на водата била клучниот фактор за појавата на епидемијата. Но, конечните заклучоци треба да се темелат на целосно завршена истрага и независна стручна анализа, за вакви случаи никогаш повеќе да не се повторат“, заклучува Даниловски.

актуелно Гостивар даниловски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ФИФА отвори истрага против Аргентина

јули 21, 2026

Миланов: Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод, инспекциските контроли продолжуваат

јули 21, 2026

Хоџа: Кога е загрозено здравјето на граѓаните, не смее да има компромиси, очекувам кривична и морална одговорност

јули 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.