Собранието на Република Македонија денеска ги избра Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за нови уставни судии.
Костадиновски и Кадриу доаѓаат на местото на судијките Наташа Габер Дамјановска и Гзиме Старова, на кои мандатот им заврши во октомври годинава.
Тие беа избрани за судии на Уставен на предлог на претседателот Бранко Црвенковски во 2008 година.







