Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дендиас: Ќе се стремиме кон продлабочување на односите со северниот сосед
Македонија

Дендиас: Ќе се стремиме кон продлабочување на односите со северниот сосед

јули 22, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ќе направиме сé што можеме да се намалат негативните последици од Договорот од Преспа, ќе се стремиме и кон продлабочување на односите со северниот сосед, но нема да толерираме нецелосна усогласеност, порача министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во неговиот говор во грчкиот Парламент.

Дендиас ги презентираше позициите на новата влада во надворешната политика и посебно се осврна на сите теми, меѓу кои и Договорот од Преспа и односите со Северна Македонија.

-Нашата позиција е позната, ја изразивме и како опозиција. Договорот требаше да се заврши на покорисен начин за нашите национални интереси. Нашата цел е да сториме сé што е можно за да се намалат негативните последици. Ќе се стремиме кон продлабочување на односите со нашиот северен сосед во рамките на взаемно корисна соработка. Но, нема да толерираме феномени на нецелосна усогласеност, рече Дендиас.

Во однос на регионот, шефот на грчката дипломатија рече дека Балканот не е нивната дестинација, но е нивно соседство и Грција ќе биде присутна во случувањата. Истакна дека тие ја поддржуваат европската перспектива на Западен Балкан и го повтори ставот на поранешниот грчки премиер Константинос Мицотакис дека „потребно е Грција одново да се постави како стабилна и силна европска земја на Балканот, а не балканска земја што извезува проблеми во Европа“.

-Ја поддржуваме интегративната перспектива на земјите од Западен Балкан, со водечки критериум зацврстување на мирот, безбедноста, стабилноста, развојот и напредокот во поширокиот регион. Во исто време, нагласуваме дека патот кон ЕУ е неразделно поврзан со почитување на строгите услови, врз основа на самите постигнувања на кандидатите, рече министерот за надворешни работи на Грција.

Дендиас во неговиот говор во парламентот за време на расправата за гласање доверба на владата, детално се осврна на останатите прашања во грчката надворешна политика: односите на Грција со САД, Русија, Турција и Албанија, кипарското прашање, Источниот Медитеран, Блискиот исток.

актуелно дендиас Договор преспа продлабочување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.