Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дескоска: Мора да се најде начин да профункционира отчетноста и одговорноста во судството
Македонија

Дескоска: Мора да се најде начин да профункционира отчетноста и одговорноста во судството

ноември 23, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Мора да се бараат начини да профункционира отчетноста и одговорноста во рамки на судството.

Корумпиран судија на сите прави штета, подобро е да го нема, отколку да го заразува здравото ткиво. Ветингот не е лесен процес и тој треба да се изврши транспарентно и професионално, изјави министерката правда Рената Дескоска во однос на ветингот на судиите во вечерашната емисијата „Само интервју“ на тв Канал 5.

„Ако не се променат самите, ако не профункциираат органите, како Судскиот совет, Советот на судии и јавни обвинители, мора да бараме начини да профункционира отчетноста и одговорноста во рамки на судството. Ние им ги дадовме сите механизми што ги има во ЕУ за да ги спроведуваат. Ако не реагираат, тогаш ќе мора да одиме со вонредни мерки, вели Дескоска.

Рече дека ветингот е вонредна мерка што се спроведува одреден временски период, и тие судии ќе мора да поминат на целосна проверка – врски, влијанија, имот, и сето тоа, како што рече, е нешто што се испитува во една постапка и не е лесна процедура. Во Албанија, додаде таа, голем дел од судиите се откажаа пред да им се направи ветинг.

„Корумпиран судија на сите прави штета, подобро е да го нема отколку да го заразува здравото ткиво, подобро сто, двеста квалитетни, отколку 300 неквалитетни кои прават поголема штета. Ветингот е процес што треба да има согласност со двотретинско мнозинство, да изградиме кредибилиен процес. Нас ни треба процес во кој сите ќе веруваат дека се врши транспарентно, професионално.

Мој предлог е во таа ветинг комисија да учестуваат претставници на европски институции, со цел да се задржи довербата во тој процес, рече таа.

Дескоска смета дека тест за судскиот систем и за правната држава се сите процеси што се водат пред судовите и оти тие заедно со јавните обвинителства во рацете го држат напредокот на земјава кон ЕУ.

„Нам ни треба неселективна поравда за било кого. Дали за случаите кои ги почна СЈО за порашешни функционери, а сега ги води редовното обвинителство, дали за случаите кои ги почнува сега обвинителството против актуелни носители на функции или поранешни обвинители, дали во случаите против било кој граѓанин, нам ни треба неселективна правда буквално за секој. Мојот апел и заложба кон судството и обвинителството, во рамки на моите надлежности без да се смета за мешање во нивната работа, е дека буквално во сите случаи треба да ги интересира единствено законот фактите и да се водат само од доказите што ги имаат, а не да паѓаат под влијание, рече Дескоска.

Таа вели дека Министерството за правда донело одлична законска рамка за независно судство и обивителство. Спроведувањето на законите сега е работа на судовите .

„Одговорноста за натамошниот напредок кон ЕУ е во рацете на судовите и јавните обвинители за тоа мора да бидат свесни. Тие во нивни раце имаат историска одговорност дали ќе одиме напред кон ЕУ или ќе ја прокоцкаат шансата, рече министерката.

Запрашана за смс пораката која обвинителката за гонење организиран криминал и корупција Вилма Рускоска ја испрати до судиите на Апелациониот суд, рече дека функцијата не и дозволува да ја коментира.

„За жал функцијата мене не ми дозволува да ги коментирам одлуките на судиите и обвинителите, како и нивните коментари, но треба да имаат дијалог за спроведување на правдата. Она што е отворено како сомневање во надлежност на Јавното обвинителство е да се испита и процесира, нема потреба ние тоа како Министерство за правда да го коментираме. Ако има сомневања за криминал и корупција, мора да се процесира, нагласи министерката Дескоска.

 

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно Дескоска одговорност суд
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.