Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дескоска: Ќе испратиме сериозна порака доколку овозможиме трајно функционирање на СЈО
Македонија

Дескоска: Ќе испратиме сериозна порака доколку овозможиме трајно функционирање на СЈО

април 2, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за правда Рената Треневска-Дескоска пред денешната нова рунда преговори за Законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство изјави дека може да се очекува напредок доколку претставниците на ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да ги почитуваат препораките на меѓународната заедница, но доколку останат на своите ставови, тогаш не гледа надеж дека нешто посебно би се случило.

Таа во изјава за медиумите дадена пред конференцијата „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ уште еднаш повтори дека не се согласува со тоа дека треба да заврши мисијата и работата на СЈО, туку оти како држава ќе испратиме сериозна порака доколку овозможиме трајно функционирање на СЈО.

„Препораките кои ги добивме се многу јасни и се упатени јавно дека она што меѓународната заедница ќе го цени како позитивен исчекор, но и како одлучност во борбата против криминалот и корупцијата, е праќање на сигнал дека било која влада не треба да се плаши од борбата против корупцијата бидејќи секој тип на незаконско делување во рамки на било која влада треба да биде казнето со организирање на јавно обвинителство кое ќе гони сторителите на висока корупација. Во нашиот закон е ставено како Специјално јавно обвинитество кое ќе ги задржи постојните капацитети и ќе добие проширени надлежности и гаранции за своето идно делување, изјави Дескоска.

Таа додаде дека ќе направат напори да се постигне двотретинско мнозинство во Собранието за изгласување на овој закон.

„Прашање на пратеничките групи и политичките партии е дали ќе сакаат да се приклучат во евроинтергативните процеси или ќе стават приоритет на штитењето на криминалот во сопствените редови, нагласи Дескоска.

И судиката Маргарита Цаца Николовска смета дека СЈО мора да продолжи да работи во насока на утврдување на она што било криминал и на она што не било криминал.

„Не може да прифаќаме состојби до вчера прислушкуваните материјали да бидат еден од доказите, а сега одеднаш да донесеме одлука дека тие докази треба да бидат ставени на страна, изјави судиката Цаца Николовска.

Особено е важно, според неа, било кој орган да постапува да бидат имплементирани стадардите на фер постапка.

актуелно Дескоска порака СЈО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.