Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров – Цакај: Скопје и Тирана стратегиски партнери, и сојузници во НАТО и ЕУ
Македонија

Димитров – Цакај: Скопје и Тирана стратегиски партнери, и сојузници во НАТО и ЕУ

февруари 27, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Албанија беше трета земја членка на НАТО што го потпиша Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во Алијансата, а двете земји ќе споделуваат и искуства на патот кон Европската Унија.

Ова го истакна вршителот на должност министер за надворешни работи на Албанија Гент Цакај на денешната заедничка прес-конференција со неговиот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

„Република Северна Македонија не е само сосед земја како резултат на случајни географски околности, туку и пријател и стратегиски партнер со кој односите ги градиме преку конструктивен дијалог и ефективна соработка. Пристапувањето на Северна Македонија во НАТО и заеднички пат кон ЕУ е додадена вредност за развој на регионот и особено за негување на мирот и стабилноста, рече Цакај.

Министерот Димитров од своја страна и се заблагодари на Албанија за неодамнешната ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО во албанскиот Парламент. Тој се осврна и на заедничките европски визии на двете земји.

„Успехот на една држава од регионот е успех за целиот регион. Многу би сакале во јуни да имаме повод за заедничко славење, рече Димитров.

Двете земји очекуваат во јуни на Самитот на ЕУ да биде потврдена одлуката за отпочнување на преговорите со ЕУ.

На средбата станало збор, меѓу другото, и за Коридорот 8 и за можноста за скоро потпишување иницијатива за воспоставување културни центри во двете земји, како и за значењето на албанската заедница во нашата земја и на македонската заедница во Албанија кои се мост на соработката, а станало збор и за Законот за употреба на јазиците кој бил поздравен од албанска страна како придонес кон етничкиот соживот и демократскиот карактер на државата.

На новинарско прашање, шефот на албанската дипломатија потврди дека вчера во Скопје имал средби со сите лидери на албанските политички партии на кои, како што рече, размениле идеи за повеќе прашања.

„Разменивме идеи и имавме искрени разговори. Ја потврдивме неопходноста за нашата понатамошна соработка за да се координираат активностите и за да имаме  конструктивна улога воопшто, рече Цакај.

На прашањето како ја коментираат идејата за корекција на границите меѓу Косово и Србија, двајцата министри истакнаа дека тоа е, пред се, прашање на властите во Белград и Приштина.

„Ова е прашање за косовските институции. Албанија само може да го поддржи ставот на Косово. Во овој процес ние поддржуваме нормализација на односите меѓу Косово и Србија и сметаме дека секој договор треба да се заклучи со поддржување на европските перспективи, посочи Цакај.

За Димитров има два клучни елемента за ставот на Македонија во однос на ова прашање.

„Поддржуваме решение со кое ќе се согласат и Белград и Приштина. Тоа е многу елементарно бидејќи проблемот е таму. Вториот елемент е решение што ќе придонесе кон регионалната стабилност и визијата целиот регион да оди кон Европа, рече Димитров.

Цакај денеска во Скопје треба да има средби и во Владата и во Собранието.

актуелно димитров ЕУ македонијам протокол цакај
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.