Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димковски: Техничките кадри на ВМРО-ДПМНЕ да излезат од матрицата во која се заглавени
Македонија

Димковски: Техничките кадри на ВМРО-ДПМНЕ да излезат од матрицата во која се заглавени

јануари 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Техничките кадри на ВМРО-ДПМНЕ да излезат од матрицата во која се заглавени и до 12 април, за добро на државата и граѓаните, да соработуваат со министрите и дополнителните министри од СДСМ и покрај разликите во идеологијата, начинот на размислување и политичкото дејствување, апелира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Димковски порача дека формирањето на техничката влада нема да биде пречка за спроведување на зацртаните политики, мерки и активности кои треба да ја доведат земјава до полноправно членство во НАТО и до добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ. Токму целта на техничката влада, напомена, е да овозможи завршување на овие процеси.

Во секторот земјоделство, подвлече Димковски, иако е назначен дополнителен заменик-министер, нема да има никаков застој во реформите. Ќе се спроведуваат и планираните активности: ќе продолжи навремената и неселективна исплата на субвенциите, нема да се поништат јавните повици за давање под закуп државно земјоделско земјиште и ќе се реализираат инвестициите во водостопанството.

„Ова е исклучително битен период за нашата држава, период во кој граѓаните очекуваат нормално функционирање на сите институции. Тие не смеат да бидат жртви на опструкции, блокади, дневни препукувања во овој предизборен период. Граѓаните се на прво место и затоа повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи кон начинот на кој прогресивните сили ја водат земјата. Врвен приоритет на сите министри во актуелната Влада е да обезбедат континуирано функционирање на институциите, на владеењето на правото и демократијата, рече Димковски на прес-конференција во Владата.

Тој уште еднаш повтори дека притисоците и селективноста не се одлика на СДСМ.

„Ние не ги злоупотребуваме институциите како што тоа го правеше претходната влада. Нема веќе исплата на субвенции по списоци. Секој земјоделец што ги исполнува условите е навреме исплатен, подвлече министерот.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со секојдневните изјави на дополнителниот заменик-министер Цветан Трипуновски за наводно неисплатени отштети или субвенции, Димковски порача дека институциите се тие што треба да кажуваат и решаваат, а не поединци.

актуелно вмро-дпмне технички
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.