Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Топлотниот бран во Австрија за два месеца усмрти 646 луѓе

септември 1, 2026

Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд, приоритети остануваат ажурноста и транспарентноста

септември 1, 2026

На инфективната клиника 19 хоспитализирани – потврдена е трета птица со западно нилска треска во Скопје

септември 1, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Топлотниот бран во Австрија за два месеца усмрти 646 луѓе
  • Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд, приоритети остануваат ажурноста и транспарентноста
  • На инфективната клиника 19 хоспитализирани – потврдена е трета птица со западно нилска треска во Скопје
  • Клековски со апел: Вакцинирајте ги децата против морбили за да превенираме можна епидемија по растот на случаи во Косово и Бугарија
  • За 14.952 првачиња денеска почна првата учебна година
  • Дизелот поефтинува од полноќ, бензинот поскапува
  • На Евзони за влез во Македонија гужвата била огромна, се чекало и од 4 часа повеќе
  • Исланд се подели околу ЕУ – 51 отсто се „против“, 48 отсто се „за“
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд, приоритети остануваат ажурноста и транспарентноста
Македонија

Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд, приоритети остануваат ажурноста и транспарентноста

септември 1, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Новоизбраната претседателка на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, денеска пред Судскиот совет даде свечена изјава пред стапувањето на функцијата, при што порача дека ќе продолжи со досегашното темпо на работа и како клучни приоритети ги посочи одржувањето на ажурноста на судот, намалувањето на заостанатите предмети, целосната анонимизација на судските одлуки и унапредувањето на транспарентноста преку нова веб-страница.

Димовска, која изминатите 14 месеци ја извршуваше функцијата вршител на должност претседател на судот, истакна дека резултатите постигнати во тој период претставуваат основа за натамошната работа.

– Со оглед на тоа што веќе 14 месеци ја извршувам оваа функција, денес, единствено со давањето на заклетвата, можам да ветам дека ќе продолжиме со истото темпо и динамика. Во изминатите 14 месеци успеавме да го намалиме приливот на предмети за 4.000. Еден сме од најажурните судови во државата. Успеавме да го намалиме бројот на стари предмети за 53 проценти. Успеавме да немаме ниеден застарен предмет во текот на оваа година. При крај се и процесите за анонимизација на судските одлуки. Во тек е постапката за добивање одобрение од Судскиот совет за нова веб-страница на судот – изјави Димовска.

Како најголем предизвик во работењето на судот таа го посочи недостигот од кадар нагласувајќи дека институцијата функционира со значително намален број вработени.

– Toа е најголемиот предизвик со кој се соочуваме, јас како раководител на оваа институција, бидејќи, за жал, имаме 130 вработени помалку во споредба со периодот пред неколку години. И со овој намален број вработени успеваме да се справуваме со приливот на предмети, меѓутоа најголемиот товар од работата паѓа токму на судската администрација, која не можам да ја изоставам бидејќи тие се суштинската сила што стои зад судиите – рече Димовска.

Осврнувајќи се на довербата во судството, таа оцени дека клучот е во носење законити, образложени и разбирливи судски одлуки, но и во поголема отвореност на судовите кон јавноста.

– Единственото на што сметам дека ние можеме да работиме е носење образложени, законити и разбирливи одлуки, кои ќе бидат добро објаснети пред граѓаните. Сметам дека судот не треба да се правда, меѓутоа, дефинитивно, одлуките треба да бидат образложени и конзистентни. Тоа е еден од начините преку кои можеме да ја подобриме довербата. Во однос на критиките што често ги слушаме, морам да кажам дека тие силно влијаат врз перцепцијата за судството и дека негативните оценки најчесто доаѓаат не толку поради работата на судиите колку поради негативните коментари. Сметам дека судството, и покрај тоа што е една од трите власти, не значи дека е на трето место или дека има бронзен медал. Напротив, тоа е една од трите власти што треба да бидат еднакви. Не само еднакви, туку сметам дека судството треба да биде коректив на законодавната и извршната власт – изјави Димовска.

Одговарајќи на новинарско прашање за перцепциите во јавноста поврзани со нејзината независност, Димовска истакна дека нејзината работа и досегашниот професионален ангажман се најдобрата потврда за нејзината независност.

– Во изминатите 14 месеци, додека ја водам институцијата како вршител на должност претседател, а и претходно во мојата работа, сметам дека на сите што ме познаваат и секојдневно се во судот им покажав дека работам професионално, транспарентно, независно, без притисоци и без привилегирање на која било страна – рече Димовска.

Таа вели дека е судија веќе 10 години и во текот на работата многупати можело да се види како постапувам и како се однесувам – истакна Димовска додавајќи дека е отворена за критика и дека нејзината работа е предмет на континуирана оценка и надзор од Судскиот совет.

Осврнувајќи се и на споменувањата во јавноста поврзани со истрагата за брат ѝ во врска со случајот „Пулс“, Димовска рече дека тоа не може да биде пречка, ниту да влијае врз нејзината работа како судија и претседател на судот.

– Во однос на истрагата за мојот брат, во изминатиот период имало многу истраги и постапки. Некои завршиле, некои биле прекинати. Голем дел од луѓето што биле предмет на истраги денес се на одговорни функции. Затоа воопшто не сметам дека тоа може да биде пречка или да фрли сенка врз мојата работа – изјави Димовска.

Таа денеска даде свечена изјава пред Судскиот совет откога беше избрана за претседател на Основниот кривичен суд Скопје на седницата одржана на 8 јули годинава по спроведена постапка по јавен оглас. При изборот членовите на Судскиот совет како нејзини предности ги посочија визионерскиот пристап во раководењето, заложбите за независност и транспарентност на судот и резултатите остварени во периодот кога ја извршуваше функцијата в.д. претседател.

Покрај Димовска, свечена изјава пред Судскиот совет денеска даде и Јордан Јованов, избран за судија на Основниот суд Струга.

Воедно, свечена изјава дадоа и Маја Џорлева, Александар Цацков, Мери Гичева, Цона Каламерникова, Јулијана Недкова и Сашко Георгиев, кои се избрани за судии на Апелациониот суд Штип.

актуелно димовска Кривичен Претседател суд
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Топлотниот бран во Австрија за два месеца усмрти 646 луѓе

септември 1, 2026

На инфективната клиника 19 хоспитализирани – потврдена е трета птица со западно нилска треска во Скопје

септември 1, 2026

Клековски со апел: Вакцинирајте ги децата против морбили за да превенираме можна епидемија по растот на случаи во Косово и Бугарија

септември 1, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.