Палеонтолозите од Универзитетот во Охајо и њујоршкиот „Аделфи“ тврдат дека некои диносауруси ги менувале забите на секои два месеца.
Се работи за грабливецот маџунгасаурус, еден од последните диносаурусикои оделе по Земјата. Живеел на островот Мадагаскар пред 70 милиони години.
Научниците овој необичен наод го објаснуваат со тоа што забите бргу имсе кршеле, веројатно зашто јаделе и кости. Тие ги проучувалемикроскопските линии на забите, коишто, слично како годовите кајдрвјата, се признак на растот на тоа одредено тело. Така, за разлика оддрвјата, новите слоеви на забното ткиво кај диносаурусите се образувалесекој ден.
Некои животни, на пример – глодачите, исто така јадат коски зашторазвиле цврсти заби. Палеонтолозите сметаат дека кај маџунгасауруситетие не биле дотолку цврсти, па затоа и им паѓале така често.
Со помош на компјутерска томографија, извршена е реконструкција навилиците на овие праисториски животни, па откриени се и заби што сèуште не пробиле во мигот на смртта.
Науката истакнува дека тоа не е случај со сите видови диносауруси, нопретставува важно научно сознание во насока на натамошнотопроучување на овие одамна изумрени суштества.







