Популарниот меме-коин, „догекоинот“ (DOGE), порасна за речиси 16% во текот на изминатите 24 часа, како се ближи финализирањето на купувањето на Твитер од страна на милијардерот Илон Маск.
Договорот со основачот на „Тесла“ вреден 44 милијарди долари треба да биде потпишан утре.
Маск беше главен поддржувач на „догекоинот“, кој стана еден вид индекс што го покажува јавното мислење за него.
Изјавите на претприемачите за токенот, исто така, постојано влијаеле на неговата цена.
„Догекоинот“ неодамна се тргуваше за нешто повеќе од 7 центи.
Во голем дел од изминатите шест недели паѓаше под 6 центи. Пред една година „ДОГЕ“ се тргуваше по 25 центи.







