Советот на Европа и Европскиот парламент во последните моменти од законскиот рок постигнаа договор за буџетот на Европската унија за следната 2023 година. Рокот за постигнување договор беше 14 ноември на полноќ, а преговарачите непосредно пред тоа објавија дека имаат договор.
Договорен е буџет од 186,6 милијарди евра, што е за 1,1 отсто повеќе во однос на годинешниов буџет. За непредвидени трошоци во повеќегодишната финансиска рамка од 2021 до 2027 година предвидени се 400 милиони евра.
Повеќето од тоа зголемување, околу 280 милиони евра, е наменето за зајакнување на поддршката за Украина и соседните земји како Молдавија. Добар дел од средствата се наменети за подобрување на сообраќајната инфраструктура за да се зголеми мобилноста на воената опрема низ Унијата.
Комисијата предлагаше буџет во висина од 185,59 милијарди евра, а предлогот на Советот беше 183,95 милијарди евра, а Парламентот бараше 187,29 милијарди евра. Постигнатиот договор треба уште го потврдат двајцата законодавци. За одлука во Советот е потребно двотретинско, а во Собранието просто мнозинство.
Доколку не се постигнеше договор, Комисијата ќе требаше да излезе со нов предлог и потоа повторно да се преговара.
Буџетот за следната година мора да биде одобрен до крајот на тековната година. Ако тоа не е можно, се применува привремено финансирање така што секој месец во тековната година може да се потроши по една дванаесетина од минатогодишниот буџет.
(Фото: ЕПА)







