Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дополнителни субвенции за решавање на проблемот со праските
Земјоделство

Дополнителни субвенции за решавање на проблемот со праските

јуни 21, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Дополнителни субвенции од шест денари за килограм праски што ќе бидат откупени од преработувачките капацитети меѓу 12 и 13 јуни, е мерката со која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им излезе во пресрет на овоштарите.

Според министерот Љупчо Николовски, опфатени ќе бидат над 500 происводители, односно ќе бидат откупени околу 400 тони праски кои едвај би достигнале пет денари по килограм.

Како што изјави Николовски, новата мерка е донесена по анализата на производството и согледувањето на состојбата на терен.

„Од разговорите со производителите и од анализите кои ги направивме може да се забележи дека сегашниот род е со многу лош квалитет поради неажурноста на институциите пред се на неспособноста на водостопанското претпријатие навреме да го отстрани дефектот во тој регион и да обезбеди доволно вода за наводнување“, истакна Николовски, кој денеска ќе ги посети и ќе разговара со земјоделците во Росоман.

Реакцијата на МЗШВ следуваше веднаш откако вчера околу 50 овоштари со 10 трактори го блокираа патот Росоман-Прилеп кај пазарот во Росоман, изразувајќи револт поради слабиот пласман на праските и немањето извоз.

Земјоделците најавија радикализирање на протестот ако проблемот не се реши, а размислуваат и за исфрлање на праски пред Владата. Се заканија дека ќе ги исечат прасковите дрвца од што штета ќе има и државата и воедно укажаа на непотврдени информации за наводен увоз од Албанија и Грција.

„Целта на праските е рекордно ниска, само гајба чини 25 денари, мора да се бараат алтернативни пазари и нтервентни да се реши кризата зашто во прашање е доведен опстанокот на општината“, изјави градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов.

Како што истакна, пак, претседателот на Здружението на овоштари „Росоманска долина“, Игор Милошевиќ, критериумите за извоз на рускиот пазар се изострени поради што, извоз речиси нема.

земјоделци Игор Милошевиќ Љупчо Николовски МЗШВ Праски Стојанче Лазов
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Романски домати за сезоната достигнаа рекордни цени од околу 20 евра за килограм

април 17, 2026

Граничните премини во Грција остануваат отворени во пресрет на средбата на земјоделците со Мицотакис вo понеделникот

јануари 16, 2026

Француските земјоделци го блокираа Париз со трактори во протест против договорот на ЕК со Меркосур

јануари 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.