Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ДУИ го обвини Касами дека милиони евра од општината преку тендери ги дава на едно семејство
Македонија

ДУИ го обвини Касами дека милиони евра од општината преку тендери ги дава на едно семејство

март 1, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Огранокот на Демократска унија за интеграција (ДУИ) од Тетово одржа прес-конференција пред зградата на Општина Тетово и обвинија дека милиони евра од буџетот на општина Тетово се слеани на сметките на три фирми во сопственост на едно семејство.

Според ДУИ, сопствениците и членовите на блиските семејства на овие фирми не ја кријат поврзаноста што ја имаат со челниците на Општина Тетово и раководството на Движењето Беса, објавувајќи фотографии од различни партиски средби.

-Фирмите Еко Пеу, Ереу Транс и Мујо Ба добивале тендери исклучиво од општина Тетово и од ниту една друга институција. Значи единствен извор на приход била сметката на Општина Тетово. Уште поинтересен е фактот што две од овие фирми имаат само по еден вработен, а на тендери добиле милиони евра. Сомнежот уште повеќе расте кога ќе се сфати дека овие горенаведени фирми имаат сосема поинакви активности од работата што се обврзани да ја вршат според договорите потпишани, меѓу нив и општина Тетово. Ова не го кажуваме само ние, тоа го кажуваат и многу медиуми кои внимателно ги истражувале фактите и начинот на тендерирање. Врската меѓу овие интересни групи оди уште подалеку кога ќе се додаде дека актуелниот раководител за урбанизам во општина Тетово е член на семејството и пријател на сопствениците на споменатите фирми, а порано бил вработен во истите фирми кои сега добиваат тендери вредни милиони од Општина Тетово, истакнаа од ДУИ Тетово.

Тие го повикаа Обвинителството да го истражи случајот и да ги извади на виделина криминалот и корупцијата

-Билал Касами ги наградува донаторите на партијата со милиони евра од парите на граѓаните. Билал Касами докажува дека Општина Тетово ја гледа како алатка за олеснување на партиските милитанти и неговите донатори, а сето тоа оди на сметка на граѓаните на Тетово. Јавно ги прашуваме Билал Касами и неговиот мафијашки клан, како ги поставиле условите за тендер и како успеале да ги исклучат сите други фирми од јавните набавки? Колку тајни средби одржале со сопствениците на Мујо-ба пред да го распишат тендерот? Како има лице да излезе и да зборува за успеси и работа кога после секоја завршена работа се крие коруптивна и криминална афера? Ова е само едно од делата на овој мафијашки клан што ја води Општина Тетово, кој секогаш доаѓа на сметка на тетовчани, рекоа од ДУИ Тетово.

Партискиот огранок упати јавен апел до Антикорупциската комисија да го истражи случајот и да даде извештај.

Пред три дена на новинарско прашање за истите фирми, Касами рече дека не одлучува за избор на компании при тендери. Според Касами, Општина Тетово иако работи според законите, секојдневно е под контрола на централните институции и при најмала неправилност очекува да биде приведен.

-Јас ги повикувам сите ако некој има информација за злоупотреба ние сме отворени за соработуваме. Јас не сум тој што одлучува која фирма кој тендер може да го добие. Ние сме опозициска општина и кога нема реално сомневање, имаме пример кога секторот за организиран криминал при СВР Тетово ни тропа на врата и кај што нема ингеренции. Во делот на нелегалните градби, таму тие можат да реагираат само по налог на јавен обвинител ако има организиран криминал. Тие тропаат на врата и за работен однос, во училиштето Лирија каде што е проблем работен однос со вработените тие одат од организиран криминал каде што има трудова инспекција, просветна инспекција. Во ситуациите каде што нема полиција ни тропа. Им гарантирам на граѓаните дека, да имало и најмало сомневање за Општина Тетово јас денес ќе бев во врзани раце во полиција и Обвинителство, истакна Касами.

актуелно дуи касами обвинување Тендери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.