Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, на комисиската расправа за труд и социјална политика во Собранието најави амандман со кој ќе се бара укинување на сите патни трошоци за пратениците. Тој пред членовите на комисијата упати остри критики во однос на исплаќањето на овие трошоци.
„На овој начин треба да ги испровоцираме и другите функционери, а со тоа, да не сме ние цел постојано. Еднаш да работимe за народот и да се жртвуваме, за новинарите да не пишуваат за нас“, рече Адеми.
На денешната комисиска расправа се расправаше за законските измени кои ги предложи пратеничката група на СДСМ, со кои се бара намалување на патните трошоци од 30% на 20% од потрошените средства за платено гориво.







