Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕК поднесе тужба против Полска
СВЕТ

ЕК поднесе тужба против Полска

септември 24, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската комисија(ЕК) денеска поднесе тужба против Полска пред Судот на ЕУ поради „прекршување на начелото за независност на судската власт“.

ЕК воедно бара од Судот да издаде времени мерки против Полска до донесувањето на конечното решение по тужбата, со која се бара Варшава да одговара поради усвојувањето на Законот за Врховниот суд.

Според Комисијата, измените на Законот не се во согласност со барањата и препораките на ЕУ.

Со Законот се намалува старосната граница за пензионирање на судиите во Врховниот суд од 70 на 65 години, со што 27 од 72-цата судии треба да заминат во пензија. Новите одредби за пензионирање во Законот го засегаат и актуелниот претседател на Врховниот суд, кој би требало да замине во пензија пред истекот на неговиот шестгодишен мандат.

Европската комисија бара од Судот на ЕУ да се произнесе по тужбата во најскоро можно време.

Брисел ги достави своите забелешки за законските измени до Варшава на 2 јули, со дополнителни препопраки испратени на 14 август, одговорите на Варшава по двата документи, според оценките на Еврокомисијата, не ги отстраниле нејзините стравување во врска со почитување на независниста на судството.

Еврокомисијата и натаму смета дека Законот не е во согласност со правилата на ЕУ, бидејќи е во спротивност со одредбите за независноста на судската власт, вклучително и за несменливоста на судиите, со што Полска ги прекршува своите обврски од Договорот за Унијата и од Повелбата за фундаменталните права.

Комисијата уште лани во декември се закани со активирање на членот 7 од Договорот на Унијата, со што би се овозможило одземење на правото на глас на Полска во институциите на блокот.

Од тогаш полските претставници во два наврати беа сослушувани пред Советот на ЕУ, но тие останаа на својот став отфрлајќи ги забелешките на Европската комисија.

Последната одлука на Еврокомисијата следува откако во средата еврокомесарите на својата седница го разгледа прашањето за владеењето на правото во Полска, но не донесоа решение за покренување тужба против земјата пред Судот на ЕУ.

Еден ден претходно, ниту Советот на министри на ЕУ не донесе одлука за понатамошно продолжување на казнената постапката против Полска врз основа на членот 7 од Повелбата на Унијата.

„Сė уште се надеваме дека е можно да дојдеме до договор со Варшава – изјави австрискиот министер за европски прашања Гернот Блимел, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Претходно, потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс изјави дека вестите од Полска „не се добри и дека времето истекува“.

„Од првото сослушување на Полска во текот на јуни, па досега, состојбата не е подобрена. Препораките на Комисијата не беа спроведени и започна процедурата за именување нови врховни судии во спротивност со европските заложби – нагласи Тимерманс.

Тој нагласи дека однесувањето на Варшава не укажува оти полските власти ги прифаќаат заложбите на Европската комисија.

„Се надевам дека за многу брзо време полската Влада ќе се изјасни дали ќе продолжи да ги почитува сите одлуки на Судот на ЕУ. Согласно случувањата ќе ги искористиме сите средства што ни се на располагање за да го направиме она што е потребно. Тоа е итно, нема време за губење, можно е случајот да биде упатен до Европскиот суд – изјави Тимерманс минатата недела.

Варшава Европска комисија Полска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор

јуни 10, 2026

Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.