Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Ел Паис“: Социјалистите и Каталонската републиканска левица се договориле-Шпанија добива нова влада меѓу 2 и 5 јануари
СВЕТ

„Ел Паис“: Социјалистите и Каталонската републиканска левица се договориле-Шпанија добива нова влада меѓу 2 и 5 јануари

декември 31, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сосема е извесна спогодбата меѓу шпанската Социјалистичка партија (ПСОЕ) и Каталонската републиканска левица (ЕРЦ), што го отвора патот службениот премиер Педро Санчез повторно да биде изгласан за оваа функција во парламентот.

Шпанските медиуми јавуваат дека средбата меѓу преговарачките страни од двете партии покажала значителен напредок, а најделикатниот дел од спогодбата бил договорен и сега се очекува нејзиното одобрување од ЕРЦ: преговори меѓу централната Влада во Мадрид и каталонската регионална Влада за можното решение на политичката криза во Каталонија.

„Сега веќе може да се закаже и гласањето за влада во периодот меѓу 2 и 5 јануари“, пишува електронското издание на шпанскиот весник „Ел Паис“.

Социјалистичката партија победи на повторените општи избори во ноември, но, како и на гласањето во април, не освои мнозинство.

По гласањето од минатиот месец Педро Санчез и лидерот на левичарската партија „Унидас Подемос“, Пабло Иглесиас, соопштија дека постигнале договор за состав на коалициска влада.

Тоа, меѓутоа, не беше доволно Санчез да помине на евентуално гласање доверба во Конгресот и тој затоа продоложи да преговора со други партии, во случајов со ЕРЦ.

Доколку гласањето со „воздржан“ на сецесионистичката каталонска партија биде обезбедено, Санчез практично гарантирано поминува како премиер, имајќи предвид дека тој веќе ја доби подршката на Баскиската националистичка партија (ПНВ), на Мас Паис (левичарска партија, формирана од основачот на „Подемос“, Иниго Ерехон), Кантабриската регионална партија ПРЦ, регионалната партија Компромис од Валенсија и партијата на Канарските острови – Нуева Канариас.

„Ел Паис“ актуелно влада Шпанија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.