Историја е испишана на стадионот Ал Тумама, на кој Мароко ја победи Португалија со 1:0. Единствениот гол го постигна Јусуф Ен Несири во 42. минута.
Португалеците повторно играа без Кристијано Роналдо во стартните 11, доби шанса во продолжението, но не успеа да направи пресврт.
Неговите солзи по излегувањето од стадионот говорат повеќе од зборови. Со 41 година можеби нема да е премногу стар за да игра на Светското првенство во Северна Америка, но нереално е да се очекува дека ќе има место во тимот во толку сериозна репрезентација како што е Португалија (и каква што сигурно во таа 2026 година ќе биде).
Навистина многу лош тајминг да го израмни рекордот по број на натпревари за националниот тим, кој сега го дели со Бадер ел Мутахва од Кувајт со 196 настапи.
Што се однесува до мечот, Мароко уште од почетокот покажа дека не случајно е во четвртфиналето и дека ќе направи се за да стане првата африканска и арапска селекција во полуфиналето на Мундијалот.
Португалија имаше голема предност во поседот на топката, но ако ова светско првенство покажа нешто, тогаш е тоа дека во фудбалот не победува тој што повеќе ја држи топката во своите нозе, туку тој што на вистински начин ги користи ситуациите кога ги има.
Така играше Мароко – кога се бранеше, сите приоди кон голот беа затворени, а кога топката сепак ќе се приближеше до нивниот гол, на сцена стапуваше херојот на победата против Шпанија, Јасина Боно, или Буну, како што некои го изговараат неговото презиме.
Кога напаѓаа, Португалците со тешка мака се бранеа. А, голот падна пред крајот на првото полувреме после грешката на голманот Кошта и одличната реакција на напаѓачот на Севиља, Јусеф Ен-Несири.

Мароко е првата репрезентација од Африка која стигна до борбите за медал на Мундијалите, а претходно најблиску до тоа беа Камерун во 1990, Сенегал во 2002 и Гана во 2010, кога беа запрени во четвртфиналето, и тоа сите тоа после драматични натпревари.
Драма имаше и оваа сабота, во предградието на Доха, Ал Тамами, но таа се претвори во трагедија за Кристијано Роналдо и останатите Португалци.
Еден од најсреќните луѓе на светот денес е секако Абдеразак Хајри, режисерот на првата победа на Мароко над Португалија во 1986 година, кој се чини дека најмногу бил инспириран од ова чудо. Нема дилема дека пречекот на Мароканците во татковината ќе биде величенствен, како што нема дилема дека прославата веќе започна. Тие го заслужија тоа.
Само да останат со ладни глави за полуфиналето што ги очекува и во кое противникот ќе им биде Франција. Тој меч ги очекува „лавовите“ на 14 декември.
(Фото: АП / Новости)







