Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги повика земјите кои учествуваат на Светскиот конгрес за енергетика во Истанбул, да ги соединат напорите поради воспоставување на мирот во Сирија и Ирак.
Укажувајќи дека мотото на Конгресот е „Повик за мир“, Ердоган реше дека е неопходно на најдобар можен начин да се вложат напори за мир на Блискиот Исток.
„Ве повикувам, ценети учесници, да ги соединиме напорите за воспоставување на траен мир во Сирија и Ирак“, истакна Ердоган, пренесе агенцијата Тасс.
Ердоган се заложил и за обезбедување на непречено доставување на хуманитарна помош во Сирија.
На Конгресот се обрати и рускиот претседател Владимир Путин, кој изрази задоволство што ситуацијата во
Турција, после неуспешниот воен пуч, е под контрола.
„Многу ни е драго што Турција се опоравува, и посакуваме само успех“, порача Путин.







