Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕУ едногласно се противи на бугарското барање за поглавје 35 за С.Македонија
Во Фокусот

ЕУ едногласно се противи на бугарското барање за поглавје 35 за С.Македонија

ноември 16, 2020Updated:ноември 16, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ниедна земја членка на ЕУ не го поддржува барањето на Бугарија да се вметне поглавје 35 во преговорите со Северна Македонија посветено на билатералните прашања, голем број земји стравуваат дека Софија му наштетува на целиот регион со својот став, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Бугарија не се откажува од барањето за поглавје 35 во преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија, барање кое предизвикува голема загриженост кај останатите членки, посебно со оглед на тоа дека голем број земји сметаат дека ова барање „се должи на изборите“ и е „непринципиелно“, велат за МИА дипломати на повеќе земји членки на ЕУ.

Конкретно, во новата методологија на Европската Унија за пристапните преговори со земјите кандидати поглавјето 35 се брише. Претходно ова поглавје постоеше како опција за „други прашања“, односно политики кои не се предвидени во ниедно друго поглавје. Најистакнат пример е тој со Србија за која поглавјето 35 е посветено на односите со Косово, и за кое ЕУ има мандат од Советот за безбедност на Обединетите Нации, како безбедносно прашање. Бугарско-македонскиот спор не се смета за безбедносен во ниту една меѓународна организација.

Во случајот со Белград, и поради сензитивноста на косовското прашање, поглавјето 35 има иста тежина како поглавјата 23 и 24 (правда и судство) и има моќ да го блокира, суспендира, или врати назад целиот процес на интеграција на Србија во ЕУ. Токму тоа, според дипломатите со кои разговараше МИА, го бара и Бугарија за Северна Македонија, што би довело до „билатерализација“ на процесот на проширување со Скопје, нешто што е спротивно на принципите на ЕУ.

За дипломатите од земјите членки на ЕУ ова може да биде „опасен преседан“ за останатите земји кандидати на западниот Балкан, но исто така ја потврдува тезата на најскептичните земји дека проширувањето кон источноевропските земји се случило прерано и дека треба да се стопира.

Со ова Бугарија би можела да им направи “голема противуслуга на сите земји од регионот“ коментираат од земјите членки на Унијата.

-Оваа политика на условување на Бугарија се плашам дека само ќе ги зајакне резервите на скептичните земји членки на ЕУ кон проширувањето и ќе се искористи како потврда за тезата дека прерано ја примивме Бугарија и дека сега ја плаќаме цената за тоа, објаснува ЕУ дипломат за МИА.

Инсистирањето на Софија да ја блокира Северна Македонија „непринципиелно“, велат дипломатите, „може да има „далекусежни последици“ и ретко кој во ЕУ ја разбира бугарската позиција, посебно со оглед на тоа дека станува за историски прашања за кои дипломатите не се стручни, ниту со кои се занимаваат.

Бугарската блокада врз Северна Македонија создава “огромна фрустрација“ и во другите институции на ЕУ како Европската Комисија, Парламентот и дипломатските служби, посебно поради тоа што за повеќето познавачи во Брисел “ова се користи само за изборни цели“, и воедно му штети на кредибилитетот на самата Бугарија, вели дипломат од земја членка на ЕУ за МИА.

Повеќе земји членки велат дека македонската позиција е разумна, и се надеваат дека нема земјата да прибегне кон радикална реторика која би ја ставила во позиција на слабост за понатаму, но признаваат и дека ништо не можат да направат против бугарското вето, кое е право на секоја земја членка на Унијата.

Друг дипломат со кој разговараше МИА смета дека “тешко дека нешто ќе се помести пред изборите во Бугарија“ планирани за март бидејќи бугарската страна “не сака ништо да слушне“.

Во секој случај станува извесно дека доколку Софија продолжи да инсистира на поглавје 35 во процесот можно е самата таа да се соочи со вето од други земји членки на ЕУ за кои ова барање е „неразумно и неприфатливо“.

барање бугарско ЕУ поглавје противење северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Епидемиологот Даниловски објаснува: Привременото одложување на БСЖ вакцината е мерка на претпазливост, а не доказ дека вакцината е небезбедна

октомври 7, 2026

Фон дер Лајен се очекува да ги претстави реформите пред проширувањето на ЕУ

октомври 6, 2026

Силен земјотрес ја погоди Грција

септември 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.