Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » За 14.952 првачиња денеска почна првата учебна година
Градови

За 14.952 првачиња денеска почна првата учебна година

септември 1, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

За 238 илјади ученици – 174 илјади основци и 64 илјади средношколци денеска почнува учебната 2026-2027 година. По летниот распуст тие се враќаат на настава која ќе трае до 10 јуни в година, освен за матурантите за кои ќе заврши на 17 мај. Зимскиот распуст помеѓу двете полугодија ќе биде од 31 декември до 21 јануари.

Наскоро ќе бидат дефинитивни бројките за запишани првоодделенци и средношколци. Засега во МОН се пристигнати податоци за 14 952 запишани првачиња и за 16 932 ученици во прва година средно.

 

Учебниците се распределени во училишатата во примероци колку што тие побарале од МОН, а во процес е и оптимизација на училишната мрежа и затворање на училишта со малку ученици во руралните средини, кој тече паралелно со воведувањето едносменска настава.

 

-Набавени се 622 илјади учебници и остварени се заштеди од 50 милиони денари споредено со годината пред да го преземам раководењето со оваа институција. Трета година по ред учебниците се навремено набавени во тираж кој го побараа училиштата. Тие се испорачани и од 1 септември може да им бидат поделени на учениците. Задоволство ми е што прашањето за учебници повеќе не е предизвик како во минатото, истакна Јаневска вчера на прес-конференција.

 

 

Целосно нови учебници во полн тираж се набавени за прво, второ и трето одделение, со оглед дека во нив има и работни листови, како и за осмо одделение и за втор клас во гимназиско образование, каде што од оваа година ќе се учи по нови наставни програми според планот за реформа на основното и средното образование.

 

Учебната 2026/2027 година ќе почне со едносменска настава во 620 од вкупно 1023 училишни објекти (подрачни и централни). Јаневска вчера повторно нагласи дека овој концепт обезбедува повеќе придобивки, а најважни се интересите на децата – поголема концентрација на часовите, поголема социјализација, задржување на училиште доволно за да се совлада целиот материјал и да се стекнат соодветни вештини.

 

Поради немање просторни капацитети за воведување едносменска настава во некои поголеми градови, МОН реализира проекти за доградба на училници во училиштата. Во моментов се доградува во 14 училишта во скопските оштини Центар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, како и во Илинден и Градско, а уште 15 проекти, рече Јаневска, ќе почнат етапно во следните неколку месеци.

 

Преку програмата на Владата за финансирање капитални проекти во општините, во тек е реализација на 50-ина инвестиции за изградби и реконструкции на училишта, за нови спортски сали и училишни базени.

Јаневска информираше дека годинава ќе има 433 паралелки помалку – 222 помалку во основното образование и 211 во средното поради припојување на паралеки со по неколку ученици односно реорганизирање на наставата. Поради тоа што немаат запишано ученици, од септември привремено се затвораат 26 подрачни училишта, а вкупно 148 се празни училишни објекти во државава, претежно во руралните средини.

За работа со деца со посебни обрзовни потреби оваа година МОН ангажира најголем број асистенти досега – 1358 во основно и 166 во средно образование. За учениците кои се на подолго болничко или домашно лекување, ќе биде достапна можноста воведена законски минатата година – да се вклучат онлајн во наставата во класот или, пак, наставникот индивидуално да работи со нив.

Во новата учебна година, рече Јаневска, продолжува грижата за талентираните ученици, така што МОН ќе ги покрива целосно трошоците за пат и учество на меѓународни научни олимпијади.

Потсети и дека се реализира одлуката на Владата за 15 отсто пониска цена на училишниот прибор, што ќе важи до 30 септември, и дека во октомври ќе бидат објавени конкурсите за ученички стипендии.

Јаневска нагласи повторно дека со оптимизацијата на училишната мрежа, ниту еден редовно вработен наставник нема да биде отпуштен од работа. Поголем дел од оние што немаат полн фонд на часови ќе работат во целодневна настава или дневен престој, а некои, по нивни избор, ќе бидат ангажирани како обрзовни асистенти.

Во согласност со договорот помеѓу МОН и СОНК од пред две години, од март 2027 наставниците ќе имаат и поголеми плати помеѓу 7,5 и 10 проценти, во зависност од стапката на инфлација.

актуелно година првачиња учебна
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.