Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » За Скопје не е јасно во што е проблемот, Софија ја дообјаснува позицијата
Политика

За Скопје не е јасно во што е проблемот, Софија ја дообјаснува позицијата

декември 20, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сакаме да најдеме решение со Бугарија зашто сме пријатели, но не е јасно во што е проблемот, порача вчера премиерот Зоран Заев.

Вели дека македонската страна нуди решенија за тргање на бугарската блокада и отворање на патот кон ЕУ и е согласна ако треба уште еднаш да се дефинираат работите содржани во Договорот за добрососедство.

Дадени се и појаснувања дека долгото и краткото име на државата се едно и исто–државата Република Северна Македонија, дека немаме територијални претензии, дека немаме намера, ниту според Уставот имаме право да се мешаме во внатрешните работи на Бугарија или на која било од соседните земји, вклучително и малцинските права, дека ќе се спречува говорот на омраза.

„Предложивме нивната авионска ескадрила да го чува македонското небо и тоа е доказ за голема доверба кон нашите соседи. Согласен сум ако треба уште еднаш да ги дефинираме работите коишто се напишани во Договорот, а тоа е немешање во внатрешните работи вклучително и малцинските права затоа што тие се решаваат на меѓународно ниво пред Судот за човекови права. Реално, подготвен сум иако имам  критики во домашната јавност, на спомен-плочите каде што пишува бугарски
фашистички окупатор да остане само текст фашистички окупатор. Во духот на пријателството треба да внимаваме и како што Полска и Германија го решија проблемот или како што тоа го направија Германија и Франција, да гледаме низ призмата на пријателството“, истакна Заев при вчерашните посети на Битола и Прилеп.

Најави дека ќе продолжат напорите да се најде решение со Бугарија, но како што наведе, со или без блокади земјава ќе продолжи со европеизација и вградување на европските вредности.

„Треба да продолжиме со Бугарија, да правиме напори, како што ме охрабрија неколку земји од ЕУ. Ние друга алтернатива немаме, сакаме да вградиме европски вредности дома и да си ја европеизираме државата. Тоа е нашата иднина и верувам дека за тоа ќе помогнат сите соседи, ќе помогне соседна Бугарија“, истакна Заев.

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захарева, пак, вчера изјави дека Бугарија и натаму смета дека местото на сите земји од Западен Балкан е во ЕУ, но инсистира на видливи резултати во спроведувањето на Договорот за добрососедство со РС Македонија.

Тоа било позиција што ја предложи владата, а едногласно ја усвои бугарскиот парламент.

Сепак, признава дека позицијата на Софија не е лесна за разбирање, но оти ќе продолжат со напорите да ја објаснат.

Тоа, вели Захариева, не значи дека Бугарија треба да продолжи да ги затвора очите.

„Очекувањата во Република Северна Македонија дека некој ќе изврши притисок врз нас и ќе го заборавиме спроведувањето на Договорот за добрососедство и одлуката на нашиот парламент не се реални“, изјави Захариева за бугарското радио „Дарик“.

Клучен проблем, според неа, е неспроведувањето на Договорот за добрососедство, како и ниското ниво на меѓусебна доверба, префрлање на решавањето на политичките прашања на историчарите, но и непочитување на правото на самоопределување на граѓаните со бугарска самосвест во РС Македонија.

Тврди дека никој не го оспорува правото на самоопределување и слободно изразување, а проблем не бил ниту јазикот.

„Јазикот никогаш не бил непремостлива пречка за пристапувањето на РС Македонија. Тој е непремостлива пречка за нив. Господинот претседател (Стево Пендаровски) многу добро знае за што станува збор, и не треба да ги извртува работите“, истакна Захариева.

Обвини дека во РС Макеоднија се води „пропаганда која има за цел да го одвлече вниманието од фактот дека не се почитува напишаното во Договорот за добососедство“.

„Политичките прашања мора да ги решат политичарите. Проблемот е во тоа што што нашите пријатели од РС Македонија се обидуваат да им пренесат политички прашања на историчарите. За да се решат проблемите треба да се намалат емоциите. Со емоции и разговори преку медиумите тоа нема да се случи. Потребна е добронамерност, отвореност, ставање на проблемите на маса и да им се остави на историчарите да си ја
вршат својата работа без политички притисок“, заклучува шефицата на бугарската дипломатија.

„Тоа што го прави Бугарија со блокадата на С Македонија е крајно опасно“, смета претседавачот на комисијата за ЕУ во германскиот Бундестаг, Гинтер Крихбаум, кој е од редовите на владејачката ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел.

Крихбаум во изјава за Дојче веле, порача дека и покрај блокадата од Бугарија, Северна Македонија во никој случај не смее да се откаже, туку напротив со храбри реформи да покаже дека сака да стане дел од Европската унија.

„За жал, стана лоша навика меѓудржавните спорови во текот на проширувањето на ЕУ да се претвораат во европски проблем. Тоа можевме да го видиме и при влезот на Хрватска со спорот околу Пиранскиот Залив или во процесот на пристапување на Србија, каде што Хрватска се спротивстави. Ова е развој што е крајно опасен и ова им го кажав многу јасно на нашите бугарски пријатели“, вели Крихбаум.

Прашан за коментар за молкот на Европската народна партија (ЕПП), чија членка е ЦДУ, но и владејачката бугарска ГЕРБ, тој наведува дека во дипломатијата не е секогаш препорачливо сите разговори да се пренесуваат во јавност, но, вели дека ЕПП исто така е многу ангажирана во потрагата по брзо решение.

За улогата на Германија, посочува дека Берлин долги години интензивно работи на приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ и го иницираше таканаречениот „Берлински процес“.

„За нас, европската перспектива на целиот регион не е доведена во прашање. Канцеларката Ангела Меркел во средата, за време на пратеничките прашања во Бундестагот, ме увери дека е во постојан контакт со бугарскиот премиер на оваа тема“, вели Крихбаум.

Доколку блокадата на Бугарија продолжи на неодредено време, тој порачува дека Северна Македонија во ниту еден случај не смее да се откаже или да ги запре итно потребните реформи.

„Токму спротивното. Земјата преку храбри реформи треба да покаже дека сака да стане дел од Европската унија. Патем, овие реформи и борбата против корупцијата немаат за цел да задоволат никого во Брисел или Берлин. Тие им служат на луѓето во Северна Македонија кои сакаат да бидат дел од Европа“, изјави Гинтер Крихбаум

актуелно проблем скопје Софија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.