Во Македонија во првиот квартал годинава се евидентирани 5.340 живородени деца, што во однос на истиот квартал лани претставува намалување за 3,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Бројот на умрени лица во првото тримесечје од годинава бележи зголемување од 11,6 проценти во споредба со првите три месеци од минатата година и изнесува 6.132 лицa, од кои 67 се умрени доенчиња.
Во Македонија во првиот квартал годинава биле склучени 2.566 бракови, или за седум проценти помалку споредено со истиот период од минатата година, објави денеска ДЗС.
Во првите три месеци се регистрирани и 519 разводи, што е за 21,8 проценти помалку споредено со првиот квартал од 2016 година.







