Парламентарните избори ќе се одржат на 15 јули.
За овој датум, како што објави, лидерот на СДСМ Зоран Заев, е постигнат договор меѓу него и лидерот на опозоциската Христијан Мицкоски, од кого очекува јавно да го потврди тоа.
„Ние преземаме чекор веднаш да заврши оваа игра на нерви за да не страда народот. СДСМ ја покажува својата големина разбирање и одговорност. За не страда народот, го заклучуваме 15 јули како конечен последен датум за избори“, изјави Заев.
На прес-конференцијата рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христојан Мицкоски се согласил на 15 јули да има избори.
Два дена претходно ќе гласаат болните и изнемоштените, меѓу кои и лицата со коронавирус.
Од претседателот на државата Стево Пендаровски ќе биде побарана нова вонредна состојба амо за изборите.
„Натаму граѓаните ќе кажат кој ќе се справува со Ковид на есен“, изјави
Заев.
Изборите ќе бидат на 15 јули, среда неработен ден, а молкот ќе почне на 12 јули на полноќ.







