Премиерот Зоран Заев во своето обраќање кон јавноста ги повика граѓаните да излезат на референдумот и да го дадат својот глас, без разлика дали ќе се изјаснат – за или, против.
Заев рече дека цензусот ќе морало да се исполни, во спротивно, ако граѓаните не покажале интерес поради различни причини, одлуката би преминала кај институциите.
„Ако граѓаните заклучат дека прашањето им е тешко, дека не се доволно информирани, може да одлучат и да останат дома. Без разлика на политичките партии, што знам дека ова овој пат не е дозволиво. Во таков случај, тие ја пренесуваат одлуката во институциите“, рече Заев.







