Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Верувам дека законите ќе се донесат, Собранието навреме ќе се распушти и изборите ќе се одржат на 12 април
Политика

Заев: Верувам дека законите ќе се донесат, Собранието навреме ќе се распушти и изборите ќе се одржат на 12 април

февруари 14, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во Неготино изрази уверување дека законите ќе се донесат, дека Собранието навреме ќе се распушти, а предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април.

„Парламентот не смееме да дозволи со какви било игри, со какви било планови да се наруши процесот на дискусија – деловничкото право на пратениците и на крајот правото да се изгласаат законите. Може ќе има две третини, може и ќе нема две третини, но ред е, и фер е, и чесно е пред државата да дадеме шанса да се изгласаат овие важни закони“, рече Заев.

Посочи дека е среќен што денеска продолжи работата на Парламентот и изрази благодарност, како што рече, на флексибилноста и на претседателот на Парламентот и на сите пратеници да работат денеска.

„Верувам согласно своите деловнички права коишто ги имаат ќе дадат шанса сите овие законски решенија да бидат завршени со својата дискусија, да бидат завршени со својата дискусија, да бидат гласани и после тоа да се распушти Парламентот“, истакна тој.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека коалицијата со ДУИ функционира.

„Секако вчера од генералниот секретар на партијата со неговиот настап испративме сериозна порака за одговорност пред државата. Наша единствена цел е пред распуштањето на Парламентот да се даде шанса да се гласаат законите – не само двотретинските закони, Изборниот законик, разрешувањето на министерката за труд и социјална политика и неколку законски решенија, буквално трошењето на неопходното време кое што е изброено до полноќ на 16 февруари кога се последните рокови за распуштање на Парламентот“, истакна лидерот на СДСМ.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали има преговори со други партии за нова коалиција, Заев вели дека засега имаат преговори со нивните стандардни коалициски партнери и со некои од партиите коишто не биле досега со нив во коалиција.

„Разговараме. Верувам дека ќе имаме конечни резултати од овие разговори покрај анализите што ги правиме, а и разговорите со нив коишто се многу важни да имаме и програмски заеднички определби некаде на крајот на февруари месец“, рече Заев.

Тој потенцирам дека СДСМ има сериозен голем и уникатен коалициски капацитет заради едно општество за сите.

„Заради храбри одлуки коишто ги донесовме во минатото и нема да оставиме тоа да не го искористиме нормално се во функција на сериозна победа, сериозен чист мандат којшто ќе обезбеди стабилна пратеничка група со мнозинство гласови во новата влада во следниот четиригодишен мандат заради тоа што претстои сериозен процес на вистинска трансформација на целокупното наше општество и работа дома на економијата“, додаде Заев.

На прашање дали се гледа како премиер на новата влада, лидерот на СДСМ, одговара дека не размислувал.

„Апсолутно ниту сум размислувал дали се гледам. Сериозноста на пораката од генералниот секретар Љупчо Николовски беше, како што јас ја сфатив, ја сфативме и сите, да престанат игрите коишто се играат во Парламентот, за државата наша се работи. Се работи за аргументација која што треба да ја дадеме на Холандија, на Франција и на сите други земји членки на ЕУ, се работи за уникатна можност која може со две третини да направиме обид да се донесат вака значајни закони. Едниот е консеквенцен на нашето членство во НАТО – законот за одбраната, а законот за јавното обвинителство на крајот е правна држава. Реков преку овој закон ќе утврдиме дали ќе победи правната држава или ќе победат сите оние коишто се осомничени за незаконски дејствија. На крајот одговорноста е на сите пратеници. Јас очекувам навистина сериозна одговорност пред државата и нашиот народ да се донесат ваквите закони“, истана Заев.

Ниту сакаме, ниту планираме, рече Заев, формирање на мнозинство кое што, како што додаде, секако е извесено.

„Знаете и вие новинарите дека е возможно да го направиме заради тоа што со обезбедување на преку 80 пратеници, а не па за мнозинство од 61 пратеник. Тоа е возможно. Не сакам ова никој да го сфати како закана. Но, испраќам јас како порака, како потврда на нашиот генерален секретар дека тоа што е државата е државата пред се и над се за сите нас. После тоа се нашите партии, политички калкулации или слично. Ние сакаме да имаме избори на 12 април, сакаме навреме да се распушти Парламентот, но истовремено сакаме Парламентот да си ја заврши работата онака како што е планирано – законските решенија да се гласаат во Парламентот“, нагласи Заев.

Тој повтори дека кога одлучиле да го пуштат законот преку Влада до Парламентот имале дадено збор од најмалку 80 пратеници.

„Секако дебатата продолжи и после тоа се држеа комисиите, се разгледуваа, се разговара со сите пратеници и верувам дека на крајот ќе се обезбедат неопходните најмалку 80 пратеници за да може вакви важни законски решенија да бидат усвоени од нашиот Парламент“, рече лидерот на СДСМ.

актуелно Заев закони избори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.