Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, е полесно повреден откако група демонстранти го пробија полицискиот кордон и влегоа во конференциската сала на Собранието.
Повреден е и генералниот секретар на СДСМ, Дамјан Манчевски.
Маскиран напаѓач со тврд предмет го удри Манчевски во пределот на лицето и му нанесе расекотина.
Повредени се уште неколкумина пратеници.







