Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев-Коѕијас: Затворање на прашањата низ меѓусебно разбирање за интерсите на двете држави
Македонија

Заев-Коѕијас: Затворање на прашањата низ меѓусебно разбирање за интерсите на двете држави

август 31, 2017Updated:август 31, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕијас.

На пријателскиот состанок, којшто поминал во пријатна и конструктивна атмосфера, премиерот Заев и министерот Коѕијас изразиле заедничка определба за продлабочување на довербата помеѓу двете страни, низ принципиелни односи и меѓусебна грижа за интересите на двете држави и на народите во нив.

„Само позитивен пристап во решавањето на отворените прашања меѓу државите, со меѓусебно почитување и разбирање, е иднината на регионот“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев потенцираше дека новата Влада е фокусирана на развивање добрососедски односи, на европските вредности што се имплементираат низ отпочнатиот реформски процес, временски дефиниран во Планот 3-6-9, како и на активности важни за членството во НАТО, како што е престојното зголемување на буџетот на Армијата, со цел реализација на стратешките цели на државата, интеграцијата во ЕУ и во НАТО.

Ако Република Македонија се придвижи напред, тоа ќе биде добро и за целиот регион“, рече премиерот Заев.

На средбата, од двете страни се потенцирани заложби за соодветни решенија за прашањата од заеднички интерес, за евро-атланските перспективи на целиот регион.

„Ве поддржуваме во евро-атланските аспирации. Сакаме стабилност во регионот и во вас гледаме добар сосед. Ние припаѓаме на мирољубиви држави. Република Грција нема геополитички и геостратешки интереси кон вашата земја. Отворени сме за ефикасно затворање на проблемите, кои некогаш може да значат и недоразбирања, преку респектирање на интересите на двете држави“, соопшти грчкиот министер за надворешни работи, Коѕијас.

Министерот Коѕијас, како чин на добра волја за продлабочување на соработката меѓу двете земји понуди размена на искуства и експертизи во реформскиот процес во нашата држава, важен за ЕУ и за НАТО.

На средбата се разговарало и за унапредување на економската соработка, како и на соработката на полето на туризмот, енергетиката, образованието, културата, инфраструктурното поврзување.

Договорено е да продолжат посетите на високи политички нивоа во процесот на градење на довербата меѓу државите, што ќе биде дополнително охрабрување за развојот на пријателството меѓу граѓаните и соработката меѓу компаниите, како и работа на заеднички проекти значајни за квалитетот на живот на граѓаните во двете земји.

 

 

 

 

актуелно Атина ЕУ Зоран Заев Коѕијас македонија НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.