Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев на настанот на ОН за Истанбулската конвенција: Ќе ја преточиме Конвенцијата и во пракса, велиме јасно НЕ за насилството врз жените!
Македонија

Заев на настанот на ОН за Истанбулската конвенција: Ќе ја преточиме Конвенцијата и во пракса, велиме јасно НЕ за насилството врз жените!

март 7, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денес, по повод Меѓународниот ден на жените, се одржа јавен настан во организација на канцеларијата на Обединетите нации во Република Македонија насловен: По ратификацијата – Што е следно по Истанбулската конвенција.

На настанот присуствуваа бројни претставници на амбасадите во Република Македонија, меѓународните и граѓанските организации и медиумите, а свои кратки обраќања на настанот имаа постојаната претставничка на Обединетите Нации во Македонија, Луиза Винтон, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и министерот за здравство, Венко Филипче.

Фокус на дискусија на настанот беше важноста на ратификацијата на Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, но и кои се следните чекори во планот за имплементација на конвенцијата.

Постојаната претставничка на Обединетите нации, Луиза Винтон го отвори настанот со своето обраќање во кое ги поздрави Владата и Собранието на Република Македонија за ратификацијата на Истанбулската конвенција и се заблагодари на заложбите на овие државни институции во напорите за подобрување на родовата еднаквост во земјата и борбата против родовото базирано насилство. Таа напомена дека ратификацијата на Истанбулската конвенција е многу важен исчекор, но имплементацијата е поголем предизвик на кој треба посветено да се работи.

Потоа, премиерот Заев ги поздрави присутните и се заблагодари на заложбите на сите засегнати страни во борбата за правата на жените и родова еднаквост во македонското општество:

„Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, дозволете најпрвин и јас да ја искажам мојата почит кон сите активистки кои неуморно работат и се залагаат за родова еднаквост. Вашата долгогодишна посветеност и борба резултираа со ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство.

Ве уверувам дека како претседател на Владата цврсто застанувам покрај вас и со вас бидејќи навистина нема родова еднаквост и еднакви можности сè додека жените и девојките трпат насилство.
Во таа насока, инсистирам и повикувам на координиран и искрен пристап на сите институции, сите министерства,во справувањето со родово заснованото насилство и во усвојувањето на потребните законски измени согласно обврските од Конвенцијата. Тука, координацијата помеѓу министерствата за труд и социјална политика, за здравство и за внатрешни работи е од клучно значење. Но, да не заборавиме дека ова е обврска на целата Влада, на целото општество кое мора цврсто да се спротивстави и да каже НЕ за насилството врз жените.

Веќе е формирано и активно Националното координативно тело против семејно насилство, кое треба да прерасне и да се трансформира во Национално координативно тело против родово засновано насилство.

Со цел јакнење на заедничкиот пристап кон родовите прашања, со одлука на Владата ја формиравме Интересорската советодавно – консултативна група за еднакви можности на жените и мажите. Го посочувам ова, бидејки станува збор за важно тело коешто има обврска да се грижи за имплементација на родовите перспективи во креирањето на политиките и буџетите.

Обезбедувањето еднакви можности за жените и мажите e еден од клучните чекори во демократизацијата на општеството и значи доследно почитување на човековите права.

Владата на Република Македонија е подготвена, заедно со поддршката од сите вас, да работи на системско унапредување на родовата еднаквост и елиминирање на сите форми на насилство врз жените.

На крајот, во пресрет на 8 Март, односно Меѓународниотден со кој се одбележува борбата за политичка, економска и социјална рамноправност помеѓу жените и мажите, порачувам секојдневно да дејствуваме против родови стереотипи и да се трудиме да ги овозможиме сите услови за еднакви можности за сите граѓани, без разлика на полот“ изјави премиерот Заев.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ги објасни сите мерки и реформи кои се спроведуваат од министерството, како носител на реформите и политиките во оваа сфера и порача дека поради храброста на жените од нашата земја кои се приклучија на светскиот тренд на охрабрување да се проговори за насилството со кое се соочиле, денес конечно зборуваме за трансформација на нашето општество. „Родовата еднаквост не е само прашање на фундаментални човекови права, туку и основа за просперитет и оддржлив развој.“, истакна министерката Царовска.

Дополнително, министерот за здравство Венко Филипче исто така се осврна на борбата против семејно и родово базирано насилство и најави обука и специјализација на здравствени работници во клиничкиот менаџмент на овие појави како и отворање на три центри за упатување на жртви во склоп на гинеколошко акушерската клиника во Скопје и болниците во Куманово и Тетово. Исто така, министерот Филипче најави и ревизија на Законот за абортус.

По воведните обраќања на постојаната претставничка на ОН во Македонија, Винтон, премиерот Заев, министерката Царовска и министерот Филипче се отвори дискусија со присутните за конкретните мерки и реформи предвидени за имплементацијата на ратификуваната Истанбулска конвенција за за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство.

актуелно Европа Заев истанбулска конвенција македонија ОН
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.