Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Новите полициски службеници со висок просек ја завршија обуката (ДПЛ)
Македонија

Заев: Новите полициски службеници со висок просек ја завршија обуката (ДПЛ)

август 31, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Новата генерација полициски службеници со висок просек на бодување ја заврши едногодишната основна обука во Центарот за обука на МВР, што говори дека се исклучително мотивирани да ги исполнат идните професионални ангажмани во полицијата“, рече премиерот Зоран Заев на промоцијата на новите полициски службеници во Идризово.

„Се радувам заедно со сите Вас затоа што со голем успех, во просек од 530,92 бодови од вкупно 600 ја завршивте обуката за совладување на потребните компетенции за полициски службеници. Радува и податокот што дури 528 од вкупно пријавените на стартот 550 кандидати ја завршија оваа обука. Тоа говори за Вашата висока мотивација да успеете во исплонувањето на професионалните ангажмани во полицијата“, истакна Заев.

Посакувајќи им успешна кариера, премиерот Заев посочи дека полицајците имаат благородна функција да обезбедуваат безбедност и сигурност за сите.

„За време на вашата обука научивте какви се очекувањата од исполнувањето на вашите должности како полициски службеници, научивте дека тие должности треба да ги исполнувате достоинствено, со почит кон другите, со сочувство, со чесност, храброст и внимание. Уверен сум дека обуката ве подготви да ги извршувате задачите најдобро што можете. Секоја задача што ќе ја добиете ќе биде важна зошто е во служба на заштита и на услуга на граѓаните, зошто е во насока на заштита на правото и правната држава“, им порача премиерот на новите полициски службеници.

Тој упати честитки и на инструкторите за грижата да обезбеди континуитет на професионалните ресурси.

„Од Вас млади колеги, како идни полициски службеници се очекува пожртвуваност и посветеност на работата, отвореност и одгововорност, чесност и хуманост, атрибути што треба да бидат основата на вашите професионални стандарди и професионален и човечки интегритет. Од Вас ќе зависи борбата со сите предизвици и сите видови на криминал со кои се соочува едно општество“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред новите полициски службеници.

Нагласи дека полицијата е во период на реформирање и целосно нејзино сообразување со модерните трендови и стандарди на работење на европските полициски служби.

„Вашиот прием во полицијата колку што е реален успех и гордост за вас и вашите најблиски, во иста мера треба да се разбере и како инвестиција во иднината на ресорот за внатрешни работи, како наш заеднички влог во заштитата и безбедноста на граѓаните и на државата. Тоа е сериозна и света обврска којашто, убеден сум, заедно ќе ја остваруваме постојано преку секојдневните работни ангажмани и задачи. Пред нас се нови и ниту малку лесни придизвици. Во изминатиот двегодишен период ние
конкретно покажавме дека МВР има професионалци, има капацитет и потенцијал далеку поуспешно да се остварува сите законски надлежности и задачи“, потенцираше Спасовски.

актуелно Заев обука полициски службеници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.