Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Потребна е уште повисока граѓанска свест за потребите на Ромите во општеството
Македонија

Заев: Потребна е уште повисока граѓанска свест за потребите на Ромите во општеството

април 7, 2019Updated:април 7, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Потребна е повисока граѓанска свест за потребите на Ромите во општеството и натамошна имплементација на Националната стратегија која ги опфаќа прашања за нивен пристап до образование, домување, здравство и вработување, беше порачано на свеченоста по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, што се одржа вечерва во Националната опера и балет.

„Република Северна Македонија, како и целиот свет на 8 -ми април празнува и слави  уникатна треадиција, верување и култура на Ромите како значајна вредност во светското, но и во македонското културно наследство, рече премиерот Зоран Заев.

Тој истакна дека Првиот светски конгрес на Ромите  одржан на 8 април 1990 година е еден од најважните историски датуми за ромската заедница затоа што добија своја химна и азбука и им е загарантирано правото да бидат еднакави во општеството и да ги уживат сите права без дискриминација.

– За Владата целите на тој конгрес, како и на Европската платформа за вклученост на Ромите, се пред се желба да изградиме инклузивно општество во Северна Македонија и инклузивна Европа, но и искрена верба дека тоа е патот до успешна заедничка земја, дом за сите интегрирана во ЕУ и НАТО, посочи Заев.

Неоходна е, како што рече, уште повисока граѓанска свест за потребата на граѓаните Роми во нашето општество. Веќе се направени првите чекори во решавањето на горливите проблеми со домувањето, личните документи, малолетнички бракови, пристапот до вработување и до здраствено осигурување, вклучување во кулутрата и образованието. Подготвена е програма за распределба на средства од Буџетот за годинава за поддршка на имплементација на Декадата на Ромите и Стратегијата за Ромите за комунални инфраструктурни проекти што се реализираат насекаде во државата.

„И Ромите и сите други граѓани мора да бидат активни и одговорни во придонесот кон создавање еднакво праведно општество  и држава која вложува во своите луѓе и која е дел од глобалниот демократски свет, порача Заев, упатувајќи честитки по повод празникот на Ромите.

Апел за повисока граѓанска свест и одговорност за потребите на ромската заедница  упати и министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Музафер Бајрам.

„Ромите како интегрален дел од македонското општество се рамнопоравни со другите граѓани и ги уживаат придобивките да го негуваат својот јазик, да ја развиваат својата култура и традиција и активно да учествуваа преку своите партии во политичкиот живот. Ромскиот народ во РСМ е на добар пат кон подобра интеграција и живот. Нашата земја е лидер во политиките за Ромите во регионот, меѓутоа и покрај овој напредок Ромите се уште се на маргините на ова општество. Потребно е многу работа и труд за да може секој Ром да се почувствува како еднаков граѓанин во државата, рече Бајрам

Тој нагласи дека од круцијална важност е примената на Националната стратегија за Ромите која ги опфаќа  нивните реални потреби во образованието, домувањето, вработувањето и здравството. Верувам дека со многу работа и заедничка посветеност ќе го подобриме статусот на Ромите, посочи министерот Бајрам.

Пратеникот Самка Ибраимовски им порача на Ромите да го негуваат својот мајчин јазик, посочувајќи дека тоа е големо значење за опстанокот на етничката заедница.  Најави дека на следната седница на интерпарламентарната група во Собранието  ќе се изгласа резолуција за подобрување на статусот на Ромите како значен документ за натамошниот развој на оваа етничка заедница.

Во Европа живеат околу 10 милиони Роми, а во државава, според последните  статистички податоци 53.879.

Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април  официјално е прогласен во 1990 година  на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Ромите во Полска. На конгресот претставници на Роми од 14 држави донесоа одлуки за знаме, химна, за прогласување на ромскиот јазик и за воведување на терминот Ром.

На Првиот конгрес на Роми во Лондон во 1971 година, ромскиот јазик е деклариран како официјален јазик на сите Роми во светот.лв/цр/

актуелно потреби роми свест
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.