Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Ромите се нашиот потенцијал
Македонија

Заев: Ромите се нашиот потенцијал

април 8, 2021Updated:април 8, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денеска одбележуваме 31 година од прогласувањето на 8 април за Светски ден на Ромите од страна на Обединетите нации. Важни јубилеи за Ромите оваа година се и 50 години од одржувањето на првиот Светски конгрес на Ромите во Лондон, како и 20 години од впишувањето на Ромите во Уставот на нашата држава.

Денеска се потсетуваме на досегашни конкретни политики и мерки од непосреден интерес за ромската заедница, преку кои им се подобрија можностите за еднакво учество со останатите заедници, објави на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

Имаме, посочува премиерот, политичко преставување на Ромите во Владата, во мојот кабинет, во Парламентот, во институциите.

Пропорционалната застапеност треба да продолжи да се рефлектира и во останатите ешалони на централната и локалната власт. Продолжува процесот на подготовка на новата десетгодишна Стратегија за Роми согласно Европските рамки, која треба да ја отслика реалната слика на Ромите во нашата држава, но и да обезбеди конкретни мерки за да имаме позабрзана интеграција на Ромите. Во 2021 година за имплементација на Стратегијата за Роми и Стратешките планови од приоритетните ресори за директни, таргетирани и генерални политики се планирани околу еден милион евра, истакнува Заев.

Со новиот Оперативен план за активни мерки за вработување, потенцира, имаме таргетиран пристап за ромската заедница, во кој планирани се 565 лица или 10 отсто од вкупниот број корисници, во пет програми за активација на пазарот на труд.

Креиравме долгорочна мерка за економско зајакнување на ромската заедница преку Мечинг фонд за претприемништво за Роми. Креираме револвинг фонд од 2 милиони евра за кредит со поволна каматна стапка за ромските претприемачи за формализација на нивната дејност и за унапредување на бизнисот. Донесовме Закон за неевидентирани лица во матичната книга на родените, со што се решаваат проблемите на 680 сограѓани Роми, нагласува премиерот.

Посочува дека во тек е Предлог-законот за продолжување на процесот на легализација, преку што нашите сограѓани Роми имаат можност да добијат документи за сопствеништво на своите живеалишта, како чекор кон подобрување на условите за домување и подобрување на инфраструктурата во Ромските населби. Во соработка со Делегацијата на ЕУ, како што истакнува тој, се реализира проектот за обезбедување на типски куќи, наменети за социјално домување.

Проектот започна во Кочани, а ќе бидат опфатени и Виница, Велес, Шуто Оризари, Штип, Прилеп и Битола. Ромите се нашиот потенцијал кој треба да се стимулира и да расте. Стратешките определби за Ромите, се и државни цели. Ромите во Република Северна Македонија имаат потенцијал да го предводат прашањето на сопствената интеграција и да бидат пример за останатите во регионот. Честит Меѓународен ден на Ромите! Bahtalo o 8 April – e Romengoro Maškardžijaneskoro Dive!, напиша Заев.

актуелно Заев роми светски ден
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.