„Премиерот Зоран Заев денеска телефонски разговараше со заменикот државен секретар на Соединетите Американски Држави Џон Саливан и изрази благодарност за силната поддршка на САД за време на целиот процес на спроведување на Договорот од Преспа.
Како што соопшти владината прес-служба, Заев го запозна Саливан со активностите на Владата на Република Северна Македонија во врска со спроведувањето на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, односно од Договорот со Грција.
„Двајцата соговорници за време на телефонскиот разговор се согласија дека успешниот епилог на Договорот од Преспа, како и постапката на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна регионот, наведува прес-службата на Владата.
Премиерот истакна и дека Република северна Македонија останува на својот долгорочен и стратешки интерес за дополнително развивање и проширување на односите меѓу двете земји, особено во делот на економските релации.
Заев и Саливан го споделиле заемниот интерес и определба двете земји да останат посветени на прашањата за мирот и стабилноста на земјата и на регионот. Во таа насока, Саливан ја изразил неговата постојана поддршка за Преспанскиот договор и истакнал дека со нетрпение чека да и посака добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на НАТО.







